Во библиотеката„Кочо Рацин“ во Пехчево одбележан меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Во библиотеката„Кочо Рацин“ во Пехчево  одбележан меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
февруари 19 19:03 2021

По повод 21 Февруари меѓународниот ден на мајчиниот јазик. во пехчевската библиотеката „Кочо Рацин“ се одржа перформанс на Македонски, Турски и Ромски јазик на ученици од седмо одделение во ООУ„Ванчо Китанов“ од с.Црник и менторот Магдалена Симовска -професорка по француски јазик.

На одбележување на настанот прекрасни изведби имаа и средношколците Елена Тодоровска и Иван Јангелов со извадоци од мисли од делата на Крсте Петков Мисирков, Блаже Конески,Петре М.Андреевски, македонски преродбеници и основоложници на Мајчиниот јазик, на кој денес почива македонскиот јазик и граматиката .На помладите им се приклучија и повозрасните соработници на библиотеката Елица Јовевска и Оливера Кратевска со нивни творби (поезија и проза).

Присутните на попладневниот перформанс посветен на Светскиот ден на мајчиниот јазик ги поздрави дирекорката на Библиотеката Габриела Костадинова.
– Во чест на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, библиотеката направи настан од културно значење, со цел овој значаен ден за мајчиниот јазик да го одбележиме со прекрасни цитати од познати наши писатели, свои творби и изведби на учениците од с.Црник на повеќе јазици. Настанот се реализира во соработка со ООУ.„Ванчо Китанов“ и општина Пехчево кои секогаш даваат целосна подршка и заедно ги наградуваме нашите љубители на пишаниот збор, а воедно и нашите читатели, истакна Костадинова.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Драган Тренчовски кој вели дека ваквиот начин на одбележување на значајниот датум, целта е да се мотивираат љубителите на пишаниот збор и понатаму да творат на мајчин јазик.
-Јазиците кои се зборуваат во една земја, пренесуваат култура, вредности и традиција и затоа играат огромна улога во создавање одржлив развој и иднина. Од А до Ш на секоја буква мошне едноставно, а силно впечатливо прекрасните изведби на пехчевските основци, Елена, Иван, Елица, Оливера кои се потрудија да не доближат и не потсетат колку е вреден, “богат“ и важен нашиот јазик за нашата нација и постоење, истакна Тренчовски.

Беа наградени сите ученици, најдобрите љубители на пишаниот збор, како поттик и силна мотивација за да го негуваат мајчиниот јазик.

Градоначалникот Тренчовски и директорката Костадинова на сите учесници им доделија пригодни награди и благодарници.

Инаку, светскиот ден на мајчиниот јазик, УНЕСКО го прогласи во 1999 на 30-тата сесија на Генералната конференција, а наредната година беше промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.