(ВИДЕО) ОТВОРЕНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД БЕРОВО „РЕТРОСПЕКТИВА НА ЛИКОВНИ КОЛОНИИ-БЕРОВО 2003-2009“

(ВИДЕО) ОТВОРЕНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД БЕРОВО „РЕТРОСПЕКТИВА НА ЛИКОВНИ КОЛОНИИ-БЕРОВО 2003-2009“
февруари 18 14:29 2022

Во рамките на програмските активности од областа на музејската дејност при Домот на културата ,,Димитар Беровски”, во музејот на град Берово е отворена изложба на тема ,,Ретроспектива на ликовни колонии – Берово 2003-2009”. Изложени се 18 дела на македонски ликовни уметници чијашто инспирација и мотиви биле историјата на Берово, традиционалната староградска архитектура, манастирот ,,Св. Архангел Михаил”, беровското езеро и природните убавини на Малешевијата.

-Како што гледате денес во историско етнолошкиот музеј на градот Берово имаме поставено ликовна изложба.Тоа е ретроспектива на ликовните колонии во Берово од 2003 до 2009 година.Имаме поставено 18 слики, може да се забележи дека има повеќе тематики од верски и историски карактер, исто така има слики од беровската архитектура.Ве поканувам да дојдете да ја погледнете изложбата и да се сетиме на дел од културното богатсво кое го имаме во Берово, работено пред повеќе години, а се надевам дека и во иднина ќе организираме вакви ликовни колонии – рече Звонко Скендерски директор на Домот на кулурата „ Димитар Беровски“ во Берово.

Изложбата во музејот на град Берово, ќе биде поставена до 23 Февруари и можете да ја посетите секој работен ден во периодот од 07:30 до 15:30 часот.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.