Тито не требало да умре: Маршалот можела да го спаси мала операција, но…

Тито не требало да умре: Маршалот можела да го спаси мала операција, но…
април 23 21:07 2018

Доктор Миломир Станковиќ, личниот лекар на Јосип Броз Тито, бил човекот кој го лечел маршалот во болница во Љубљана. Тој бил покрај Тито во последните денови од животот на некогашниот прв човек на СФРЈ.

„Неговото лечење беше во тајност. Дојде мојата сопруга, а јас не бев во можност да ѝ кажам дека утрото треба да му ја ампутираме ногата на Тито. Никогаш не можев да знам кој слуша“, ја почнал својата приказна доктор Станковиќ.

Инјекциите кои требало да ги прими Тито лекарите ги носеле во торби за да не бидат видени од страна на јавноста. Новинарите забележувале сè низ прозорците во ходникот.

„На 15 мај во неговата резиденција тој излезе од бањата. Истуширан, избричен ја чекаше својата инјекција. Го гледаше секој мој потег. Тој имаше доверба во мене. Во тоа време бев лекар на ВМА“, вели Станковиќ.

Станковиќ го забележал стапалото на Маршалот за време на физикалната терапија и утврдил дека не изгледа добро.

„Ми рече дека ако ногата му отиде самиот ќе си пресуди. Кога требаше да оди во болница го сокривме пиштолот кој тајно го чуваше во една торба. Никој не смееше да каже дека ногата мора да се ампутира. Сите ја поддржуваа терапијата до недоглед. Тоа се пролонгираше додека ногата не се исуши. Кога се исуши, таа почна да го труе организмот“, вели Станковиќ.

Тито по ампутацијата бил задоволен со операцијата.

На сите им олесна. И на лекарите, но и на него, изјавил Станковиќ.

Но, тоа што се одолговлекувала операцијата го зело својот данок.

„Тој беше неколкупати на работ на смртта, но тогаш со направените инфузии, трансфузии, интубации, вештачки бубрег, Тито се врати меѓу живите. Еднаш се разбуди и од кома“, вели лекарот.

„Голема грешка беше тоа што му се излегуваше во пресрет да се лекува со лекови, а не хируршки. Причина за неговата смрт е една склеротична плочка во бутната артерија, која 50% ја затворала артеријата поради што дошло до крвавење. Таа артерија можела лесно да се одзатне. Јас можев да го направам тоа, но немав компетенција, а ни Тито немаше да го дозволи тоа“, изјавил Станковиќ.

 

ИЗВОР: zase.mk

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.