Б Е Р О В О

Б Е Р О В О
март 08 00:19 2018

Берово — град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските планини на површина од 595 км. Во негова близина се наоѓа и Беровското Езеро. Берово се наоѓа 161 км од Скопје, 47 км од Струмица и 52 км од Кочани.

За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии.

Според првата, тоа го добило своето име по името на некој си сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар.

Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле (се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селца, Рибница, Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите малешевски села.

Релативната влажност на воздухот се смалува од јануари до август, а потоа од декември се зголемува, а просечната влажност на воздухот е 76 %. Просечната годишна сума на траење на сончевото зрачење изнесува 2.347 часа или 6,4 часа дневно, со максимум во јули од 10,2 часа дневно, и со минимум во декември од 3 часа дневно.Во Беровската Котлина маглата е ретка појава, годишно има само 8,4 магливи денови. Појавата на град е ретка, просечно се јавуваат 2,9 дена со град. Сланата е со помала зачестеност и се јавува 70 дена во годината, од септември до мај. Во Беровската Котлина се јавуваат ветрови од сите 8 светски правци, но преовладува северниот, со зачестеност од 147 % и брзина од 2,4 м /сек., кој е најмногу застапен во јануари, февруари и во март.

Локалитетот Берово има значително пониска средна годишна температура на воздухот од подрачјата на иста надморска височина во поширокиот дел на оваа котлина.На надморска височина од 800 м, средна годишна температура изнесува 11,1 °C , а во Берово 8,7 °C. Најстуден месец е јануари со просечна температура од -10 °C,а најтопол месец е јули ,со просечна температура од + 18 °C.Просечната годишна минимална температура е 2,8 °C,а просечната максимална температура е 15,3 °C. Најмногу врнежи има во месеците мај и јуни, како и во ноември, а најсушни се месеците август и септември. Просечниот годишен износ на врнежи е 672 мм /м³. Главен максимум паѓа во мај, просечно околу 76,8 мм /м³, а секундарен во ноември -64,3 мм /м³. Главниот минимум е во август, просечно со 37,6 мм /м³, а секундарен во февруари. Бројот на врнежливи денови годишно изнесува 118. Во просечната годишна сума на врнежи снегот зазема околу 15 % и се јавува од октомври до мај. Просечно,годишно има 42,2 дена под снежна покривка.

 

  Тагови:
  Категории:
погледни повеќе вести

Поврзани вести

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.