(ВИДЕО) ОДРЖАНА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ЗА ПРЕДВИДЕНИОТ НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

(ВИДЕО) ОДРЖАНА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ЗА ПРЕДВИДЕНИОТ НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ
ноември 30 16:00 2022

Во просториите на Општина Берово, денес се одржа состанок со граѓаните од неколку улици во централното градско подрачје во градот и жителите на улицата 23 Август во Ромско маало, врз основ на иницијативата за промена на режимот на сообраќај. Граѓаните имаа можност со свои предлози и иницијативи да го истакнат своето мислење за ново предвидениот режим на сообраќај кој е во фаза на изработка за подобар проток или сообраќај во централното градско подрачје.

– Денес имавме можност заедно со граѓаните и ни беше многу важно нивното мисење да видиме што тие мислат за ново предвидениот режим на сообраќај, кој морам да напоменам дека е во фаза на изработка, не е донесен и од тие причини е свикан состанокот за да ги слушнеме нивните мислења, сугестии и предлози секако, со кои практично нашето решение и решението кое го нуди општина Берово, би било или подобрено или делумно изменето се со цел да овозможиме подобар проток или сообраќај во централното градско подрачје особено во летниот период кога и реално е зголемен бројот на учесници во сообраќајот. Секако сме место кое треба да го промовираме туризмот, а со тие тесни грла создаваме проблеми во редовното одвивање на сообраќајот на подрачјето на општина Берово – истакна градоначалникот Пекевски.

Пекевски додаде дека сите прифатени иницијативи од граѓаните во зависност од нивната издражаност, ќе се земат во предвид и доколку има моѓност за измена на предложениот режим, повторно ќе се одржи состанок со гражаните за да се донесе посоодветно решение.

-Прифатените иницијативи од граѓаните ги евидентиравме и во соработка со надлежното одделение кое ја покрива областа на сообраќајот, секако со проектантот и во зависност со нивната издржаност, ќе видиме дали можеме да извршиме измена на предложениот режим и повторно би свикале состанок за да ги утврдиме одредените иницијативи. Доколку има потреба од внесување во новото решение на задоволство на поголем број на граѓани ќе донесеме посоодветно решение и на тој начин ќе утврдиме нов режим на сообраќај во тој дел од градот. Се одржа и втора средба со граѓани на улицата 23 Август во Ромското маало, која исто така се однесување на едонасочен режим на сообраќајот, бидејќи и во тој дел од градот заради неможноста од проширување и реконструкција на улицата, се создаваат тесни грла и во неколку наврати имало и сообраќајни нереќи или практично проблеми на отежнато движење во тој дел. На тој начин сме принудени и тука да понудиме друго решение, во зависност од самите предлози дадени за второто решение, ќе ги земеме во предвид и повторно би свикале состанок со граѓаните се со цел да знаат, за што разговараме, што е нашата цел и кое би било решението за тие самите да бидат подготвени во моментот кога ќе биде усвоена добиената согласност од СВР Штип, поминато на седница на Советот на општината во втора фаза и на крајот би значело во кој период од годината истото би било во важност и би се коритело за понатамошно подобрување на сообраќајот во градот – рече градоначалникот Пекевски.

Врз основа на почната постапка преку Општината и повеќе времено следење на сосотојбата на фреквенција на сообраќајот во централното градско подрачје и утврдените аномалии, пропусти, слабости, тесни грла, отпочната е постапка за избор на економски оператор кој ќе изврши изработка на соодветна проектна документација, за нови сообраќајни решенија, врз основ на кој веќе преку Советот на општина Берово, е донесена одлука, иницијатива за отпочнување на промена на режимот на сообраќај.

Инаку на денешната средба во општината, граѓаните на улиците на кои е предвиден нов сообраќаен режим, истакнаа свои сугестии и предлози кои би биле дополнително земени во предвид за изнаоѓање решение на тесните сообраќајни грла во центарот на Берово.

Според отпочнатата постапка, предвидено е промена на режим на сообраќај на ул. “Цветан Димов”, дел од ул. “Маршал Тито”, ул. “Белградска”, дел од улицата “Карпош” и дел од ул. “23 Август”- ромски рид во Берово, односно определување на истите како еднонасочни улици.

Видео од денешниот состанок:


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.