Џејмс Лавлок: До 2040 Европа ќе стане Сахара, а Лондон ќе биде под вода.

септември 22 08:52 2010

Човештвото треба да се откаже од обидите да ги спречи климатските промени и да ја спаси планетата, затоа што тоа е надвор од нашите можности, изјави Лавлок во интервјуто.

Интересно интервју со Џејмс Лавлок, прочуениот научник кој иако многумина го сметаат за контроверзен, тој е познат по низата на прилично прецизни предавања за однесувањето на климатските системи на земјата, пренесува британскиот весник Гардијан.

Лавлок, кој денеска има 88 години, живее сам, а од 40 година има уред со кој може да открие дупка во озонската обвивка. Хипотезата за Гај, која Земјата ја опишува како саморегулирачки суперорганизам, ја популаризирал Лавлок. Всушност голем број на научници на почетокот ја исмевале ваквата теза, а денеска претставува основа на речиси сите гранки на науката кои се занимаваат со промена на климата. На челниците на нафтената компанија на „Шел“, Лавлок уште во 1965 година, им најави дека во 2000 година ќе биде најголем проблем за животната средина, и тоа во толкава мера да сериозно ќе го загрози нивното работење.

Лавлок се стекна со репутација како еден од најпочитуваните британски независни научници со своите бројни предвидувања, кои се покажале сосема прецизни. На огорченоста на своите колеги, посветени на човековата околина, Лавлок со години ја заговараше нуклеарната енергија. Треба да се напомене дека во последно време, се поголем број на еколози признаваат дека Лавлок бил во право во однос на тоа прашање. Човештвото треба да се откаже од обидите да ги спречи климатските промени и да ја спаси планетата, затоа што тоа е надвор од нашите можности, изјавил Лавлок во новото интервју.

Овој научник смета дека би требало како термитите, опколени во добро климатизиран квартал, решенијата да ги побараме во градовите опремени со софистицирана технологија, со што се потврдува неговата теза од 2008 година, преку која најави дека светот ќе се најде во проблеми од катаклизмични пропорции во следните неколку децении. “Дојдовме до момент во историјата која повеќе не можеме да ја предвидиме иднината и да се надеваме на каков било успех. Треба да се откажеме од преамбициозните планови да го спасиме светот. Велика Британија повеќе не е светска сила, па таквите шеми треба да му ги препушти на САД, Јапонија и Кина“, изјавил пред шест години Лавлок

“Ние треба нашата енергија да ја вложиме во прилагодување на климатските промени“, додал британскиот научник, објаснувајќи дека британскиот остров ќе стане еден вид на чамец за спасување за жителите на стариот континент. Лавлок во своите текстови објави дека до 2020 година, ектремното време ќе стане еден вид на стандард, и дека до 2040 година Европа ќе биде како Сахара, а дел од Лондон ќе заврши под вода. За да се спаси земјата е прекасно, и тоа е сега еден вид на пуст романтичен сон, смета научникот. Да превземавме нешто во 1967 година, можеби ќе имаше некаква шанса. Но, сега повеќе немаме време. Сето ова се стандарди на зелените работи, како што создаваат атмосфера дека обновливите енергетски развои, се сега зборови кои што не значат, ама баш ништо. Голем број на луѓе ми замераваат како тоа јас не сум им оставил никаква можност за да нешто направиме. Јас им одговарам дека напротив имаме многу можности, но можеби не за оние работи кои би сакале вие тоа да го направите, објаснил научникот.

Британскиот научник не верува во садењето на дрва и смета дека е подобро да се платат домордците повеќе да не ги сечат шумите кои преостанаа. Тој смета дека рециклажата е еден вид на трошење време и енергија, затоа што на крајот секогаш и добрата идеја се претвора во измама. Ветровите не можат да произведат доволно енергија дури и кога целата држава би ја прекриле со ветротурбини, уверен е Лавлок. Научникот единственото решение го гледа во спасувањето на градовите, затоа што за спасувањето на планетата е прекасно и дека е време за дополнителен технолошки развој.

Британскиот научник, храната ја смета за голем и сериозен проблем, и смета дека би можела да се синтетизира и уверен е дека нуклеарната енергија е вистинското решение. До 2100 година 88 отсто од луѓето ќе бидат избришани од лицето на Земјата, смета Лавлок. „Уживајте во животот додека можете. Затоа што крајот ќе стигне за 20 години, ако имаме среќа“

Извор:Вечер Прес

  Категории: