МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЗАДОЛЖУВААТ.

мај 03 23:28 2018

Трошоци без душа за долгови до гуша. Македонците меѓу најзадолжените во Регионот. Според последните податоци кои се однесуваат на февруари годинава само домаќинствата во земјава на домашните банки им должат околу 2,3 милијарди евра.

Само лани, вкупниот долг на семејствата во земјава кон македонските банки изнесува 22,8 проценти од домашниот БДП.

Во последните неколку години задолжувањето на домаќинствата се зголемило значајно иако растел и БДП, но побавно. Според податоците, за десет години вкупното учество на кредитниот долг на граѓаните во домашниот БДП се зголемило за два пати.

Така ако во 2007 година тој долг е околу 14 отсто од БДП, на крајот на 2017 година изнесува 22,8 проценти. Во 2006 година е 9,7 отсто, додека од 2007 до 2012 се движи од 17 до 20 проценти.

Во апсолутни суми, во 2009 година вкупните кредити кон домаќинствата изнесуваат 1, 168 милијарди евра, а до 2014 година пораснале до 1,740 милијарди евра. Во 2015 година македонскате граѓани на банките им должеле 1,9 милијарди евра, додека во февруари годинава 2,3 милијарди евра.

Според банкари кои ги консултираше ТВ Стар,  ако се гледааат само бројките можеби тој процент е низок, па тврдат дека кредитирањето треба да расте. Сепак децидни се дека нови задолжувања не се оправдани ако се само за трошење пари, оти и ситуацијата дома не е сјајна.

 

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.