2.000 полицајци ќе ставаат ред за новогодишната ноќ, на мета туристичките места.

2.000 полицајци ќе ставаат ред за новогодишната ноќ, на мета туристичките места.
декември 28 02:13 2020

На 31 декември, неофицијално, околу 2000 полицајци на терен ќе проверуваат дали се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19. На мета ќе бидат туристичките места со викендици, но униформирани лица ќе има и на булеварите и улиците во сите градови. По дојава дека има прослава, полициските служби со усмен налог од обвинител може да влезат во било кој објект. Министерот Спасовски вели дека имаат оперативен план за празниците, но според него доволно е граѓаните да знаат дека полицијата ќе биде будна.

– Секој кој нема да почитува, било тоа да е сопственик на вила, куќа или граѓани кои учествуваат во тие настани на сите ќе им бидат поднесени кривични пријави за нарушување на здравјето на граѓаните. Ова е оперативен план, го разработуваат полициските служби и согласно него секаде и во секое време, имаме екипи и тие се подготвени да излезат на терен по секоја дојава, сознание или пријава. Откако ќе се констатира одговорност полицијата го известува Јавниот обвинител и тој постапува согласно законските прописи“, рече Спасовски.

Униформираните лица се активни на терен и предпразнично. Синоќа растуриле журка во Волково и привеле 29 лица, а била пронајдена и дрога. Пред два дена полицијата прекина и роденденска забава во стан во Скопје на која се користеле и наркотични средства, а биле присутни 13 лица. Изминатото деноноќие казни заработиле и сопственици на угостителски објекти кои не го почитувале работното време.

– Секој ден ќе има контроли со цел растурање на забави како она што се случи онаа синоќа во Волково. Таков настан имавме и во Куманово растуривме семејна веселба, така и ќе продолжиме, изјави Спасовски.

Инаку од 18 декември до 20 јануари на сила се сет на рестриктивни мерки согласно кои се забрануваат било какви прослави за Нова година, Божик и верските празници, никакви собирања на отворен и затворен простор, забрана за издавање на викендици, а и домашните славења да бидат во кругот на семејството. Годинава и Водици ќе поминат без масовни манифестации.

Извор: Сител Тв

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.