ПЛАНИНАРИТЕ ОД ПАТФАЈНДЕРС УСПЕШНО ГО ИСКАЧИЈА ВРВОТ „ЧЕНГИНО КАЛЕ“.

ПЛАНИНАРИТЕ ОД ПАТФАЈНДЕРС УСПЕШНО ГО ИСКАЧИЈА ВРВОТ „ЧЕНГИНО КАЛЕ“.
април 10 23:16 2021

Членови на здружението „ Патфајдерс“ од Берово, заедно со неколкумина гости од Делчево и Скопје, денес успешно ја поминаа планинарската тура до врвот „Ченгино Кале“, кој се наѓа на 1760 метри надморска височина и претставува нај источната точка на Македонија. Како што истакна претседателот на здружението Горан Механџиски, турата се одвиваше по сите мерки и препораки за зашита од пандемијата, а прекрасното време допринесе за уште повеќе да се доживеат природните убавини и несекојдневни глетки што ги нудат Малешевските Планни.

-Нашата гордост врвот „Ченгино Кале“ нема кој не сака да го посети, бидејќи плени со неговата убавина и местоположба.Денес ние тоа го сторивме со 16 присутни, бидејќи ги запазивме сите протоколи и мерки за заштита и не сакавме да се групираме повеќе луѓе.Почетната точка ни беше туристичката населба „Равна река“ во Пехчево додека коридорот по кој се движевме на места беше сув а на некои места влажен и понекаде можеше да се забележи и снег.Успеавме да ги посетиме Пехчевските водопади,Караулата и изворот на река Брегалница кој се наоѓа под самиот врв „Ченгино Кале“ - рече Мехаџиски.

Должината на планинарската маршута изнесуваше 21 километри и е наменета за секој планинар и секој кој сака да дојде и да ужива во воздушната бања која единствено може да се најде тука.

-Прекрасното време ни беше сојузник во нашата цел, а силното сонце успеа во текот на турата да не направи исончани во поминатите 21 километар во двата правци од вкупната должина на маршутата.Навистина прекрасно поминат ден и сите учесници беа презадоволни од пејсажите и убавите глетки.По патот сретнавме и други планинари, велосипедисти и љубители на офф роуд доживувања – додаде Механаџиски.

Планинарското здружение „Патфајндерс“ од Берово, за краток период од своето постоење, досега успеа да организира неколку планинарски тури низ Малешевијата, а нивните маршути изобилуваат со прекрасно дружење,презентации на убавините на Малешевијата на сите членови и присутни, а во последниот период,бројот на заинтересирани за овие доживувања расте.

  Категории: