Што можете да купите за еден денар во Берово.

Што можете да купите за еден денар во Берово.
март 21 00:08 2018

Иако на прв поглед  може да изгледа дека еден денар не претставува никакво богатство, не ја потценувајте неговата моќ. Денар по денар со трпение и заштеда може да постигнете значителни суми. Сепак, она што ние го истраживме е она што е за една паричка може да се купи во Берово.Еве што велат граѓаните на Берово.

За еден денар во Берово  може да се најдат нешта што на прв поглед не може да се чини дека се значајни, но поентата е во тоа што тие се уште се тука и можат да се купат.Така, на пример, во центарот на градот може да се купат џамлии – едно парче, еден денар во сина, црвена или жолта боја, може да се најде во некои продавници, обично во близина на каса или на видливо место, заглавени со цена.

Освен џамлии за еден денар можете себе да си дозволите и петнаесетина од една чоко банана и четвртина од една коцка Милка чоколада која е доволна да го осетите вкусот а да не се здебелите.Со еден денар може да се залие една голтка Кока Кола која мора да изнесува околу 20 милилитри.Во ретките продавници може да се најдат и мастика за џвакање, кои чинат само еден денар, навистина малку се, но се уште ги има во Берово.Кога имамте кивавица и ви фали марамица по оваа цена можете да ја купите,се разбира, ако продавачот е подготвен да ти продаде едно парче. Но, тоа не е невозможно.

За денар може да си дозволите десетина листови на тоалетна хартија.Верувате ли дека сланина и кулен можете да купите за денар?Скоро еден грам, поточно 0,70 грама сланина и цел грам кулен коштаат точно еден денар.Со тоа можете да земете и петинна од парче леб.

На пазар сигурно за еден денар можете да добиете една јагода,цреша или зрно грозје.Четири семки од тиква и 8 семки од сончоглед може да се најдат по цена на денар.Иако овие се мали нешта и никој не мисли на нив сериозно, сетете се на реченицата од почетокот – денар по денар и полека ќе се соберат.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.