(ФОТО+ВИДЕО) НЕОФИЦИЈАЛНО ПОЖАРОТ КОЈ ИЗБИ НА БЕРОВСКО ЕЗЕРО, ПРЕДИЗВИКАН ОД ФРЛЕНА ПЕТАРДА.

(ФОТО+ВИДЕО) НЕОФИЦИЈАЛНО ПОЖАРОТ КОЈ ИЗБИ НА БЕРОВСКО ЕЗЕРО, ПРЕДИЗВИКАН ОД ФРЛЕНА ПЕТАРДА.
април 30 21:27 2021

За пожарот кој денес избувна на Беровско езеро и опожари околу 5 декари борова шума, неофицијалната причина е фрлена петарда истакна командирот на ТППЕ Берово.Со брзата и навремена интервенција на против пожарната служба како и на вработените и другите посетители, пожарот е локализиран и спречен да се прошири наоколу – рече командирот на ТППЕ Берово Сашко Руменовски.

Со своја изјава излезе и Славе Сирачевски, сопственик на Аурора кој упати јавна благодарност до беровските пожарникари за одлично завршената работа.

-Тие бргу стигнаа не местото на кое се појавија пламените јазици, а кое од комплексот Аурора беше оддалечено од сто до двестотини метри. Веднаш се активираа и нашите вработени ставајќи го во функција нашиот систем-хидрантот кој има многу голем притисок и долгите црева. Аурора како туристички комплекс од вакви работи е обезбедена со високи ѕидови но најважно е тоа што се сопре пожарот да не направи поголема штета на шумите, ни изјави Сирачевски.

Беровските пожарникари остануваат и вечерва на дежурство за да спречат секакво можно непријатно изненадување. Неофицијално се зборува дека пожарот настанал откако некој од гостите покрај езерото со петарда се обидел да убие змија која се појавила на тој преубав предел.

Сепак, точната причина за пожарот ќе биде позната по извршениот увид.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.