УТРЕ НА ВРВОТ„ЧЕНГИНО КАЛЕ“ СО ПАТФАЈНДЕРС.

УТРЕ НА ВРВОТ„ЧЕНГИНО КАЛЕ“ СО ПАТФАЈНДЕРС.
април 09 20:41 2021

Одлична понуда за утрешниот ден, ако сакате да ги видите убавините на Малешевијата. Поточно здружението „Патфајндерс“ организира еднодневна тура до најисточната точка на Македонија, врвот Ченгино Кале 1760 м.н.в

Хајкинг турата како што велат ораганизаторите, е наменета за сите членови на здужението и сите гости кои ќе сакаат да се приклучат на турата ќе имаат можност да ги видат: отворените пасишта, Пехчевските водопади, изворот на Брегалница,самата граница со Бугарија, во предвидената презентација.

Еве ја и информацијата за турата.


ОПИС НА ТУРАТА:

За сите почетници и искусни планинари кои сакаат да видат што претставуваат долгите прошетки по планините што ги правиме, еве таква можност.
Турата е во должина од 22 км.
Ченгино кале е Врв на Малешевските планини, најисточната точка на Македонија во денешните граници. Висок е 1760м.н.в и таму се сместени изворите на Река Брегалница која е најголемата лева притока на Реката Вардар.
Со пријател покрај вас е уште полесна, ние ви нудиме тура и друштво, вие понесете насмевка, а вратете се со прекрасни спомени и добро поминат ден.


ПРОГРАМА;
– Пристигнување во 08:00 на плоштадот во Пехчево.
– Се упатуваме со возилата накај Равна Река каде и ги оставаме возилата.
– Турата почнува со искачување покрај водопадите на Равна река, источно.
– Се искачуваме од 1100.м.н.в покрај водопадите се до врвот на 1760.м.н.в.
-Турата според тежината спаѓа во категорија на средни тури.
ОПАСНОСТИ:
– Можна појава на облаци и дожд, силен ветер и лизгава нагазна површина.


ПОАЃАЊЕ:- 08:00 од плоштадот во пехчево накај Равна река
– 08:30 почнуваме со турата оставајќи ги возилата на Равна Река.ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за престој и движење на планина во променливи временски услови;
– високи разгазени чевли;
– топла облека која штити од дожд и ветер;
– ракавици, бандани или маски и капа;

– наочари за сонце;
– облекување во слоеви;


ПРИЈАВУВАЊЕ И ЦЕНА
– Превозот е со сопствени возила.
– Пријавувањето е задолжително во инбокс т.е. приватна порака на страната.


ИСХРАНА:
– секој сам си носи храна по потреба;
– вода мин 2 л и друг напиток;
– суво овошје, апетисани, енергетски барови, сендвичи и сл.

ТУРАТА ќе се одвива по посебен ПРОТОКОЛ за запазување на мерките за КОВИД 19
– Сите мерки искажани од министерството за здравство се на сила.
– На почетокот и за време на турата растојанието помеѓу учесниците да биде минимум 2 метра, а доколку не е возможно да се држи растојание мора да се носат заштитни маски.
– Во текот на искачувањето одалеченоста на еден до друг учесник да биде 2м
– При застанување да нема групирања на повеќе од тројца планинари.
– Доколку во текот на искачувањето некој кашла, се препорачува тој член да ја пушти колоната и да остане последен во групата на самата опашка на колоната.


НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, вонесаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.