Страотни податоци. За 5 годни речиси еденипол милион интелектуалци ги напуштиле државите од регионот.

мај 18 19:50 2018

Страотни податоци. За 5 годни речиси еденипол милион интелектуалци, односно високо образован кадар, ги напуштите државите од регионот. Истражувањето е направено на 6 држави од т.н. Западен Балкан, меѓу кои и Македонија:

  • Во истражувањето поставиме повеќе истражувачки прашања од кои две се главни. Експлицитните фактори говорат дека на терен се егзистенцијалите услови, но ние дојдовме до некои резултати коишто укажуваат на ревизија на таа теза дека сепак покрај тие фактори доминираат и социјално, етичките и психолошките фактори, објасни Љупчо Кеверевски, универзитетски професор.

Дел од иселените во странство заминале со фамилиите, но добар дел од нив децата ги оставиле овде, што е дополнителен проблем:

  • Кај овие деца се јавуваат два проблема. Прво тие предвреме созреваат и ја прифаќаат одговорноста за помалите од себе, а второ за затвораат во себе и се изолираат. Е таа осаменост мора навреме да се препознае и да се третира, кажа Трајан Балкочев, Универзитет „Неофил Рилски“, Бугарија.

Кога во прашање е иселувањето во општините од источна Македонија, состојбата е најалармантна на крајниот исток:

  • Берово е една од општините каде има масовно иселување на младите, една од причините за иселување на младите е големата невработеност, вели Александар Чомовски, Совет на млади – Берово.

Колку луѓе засекогаш заминела од просторите на Брегалничкиот регион, точни податоци нема, но се претпоставува дека нивната бројка е над 30.000 трајно иселени или колку еден цел град, со големина на Кочани.

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.