СТОРИЈА:НАДВОР ОД КРУГОТ – НЕВИДЛИВИ ЗА ОПШТЕСТВОТО

октомври 08 13:53 2018

Животот без документи и државјанство, луѓе невидливи за државата и човечки судбини на маргините од општеството  со секојдневни проблеми за преживување и со желба да бидат достојни државјани на Република Македонија, го живеат 5 лица од Општина Пехчево. Меѓу нив се и Драган Стојановиќ кој живее во Будинарци и  Бајрам Саније од Пехчево.

Двајцата ги врзува потрагата по македонско државјанство и животот надвор од системот на државата.Судбината ги донела токму тука на крајниот исток на Македонија, а причината за тоа се војните во поранешните југословенски простори.Нивните животните приказни  се тажни, а немањето на државјанство уште повеќе го прави нивниот живот горчлив.

И Драган и Саније со поддршка на програмата Надвор од кругот невидливи за општеството  кој го спорведуваат неколку невладини организации и тоа:Инсок и Амбрела од Скопје,здружението за заштита на правата на Ромите од Штип како и Хуманитарното здруќение  Месечина од Гостивар   наскоро ќе добијат македонско државјанство.

На локално ниво во склоп на оваа програма беше реализиран Проектот „ Јас постојам и имам свои граѓански права “ спроведен  од невладината организација Терно Вас од Берово работен  на територијата на Пехчево и селото Црник.

Проектот е финализиран, а резултатите од него ќе донесат  четворица видливи граѓани во Пехчево со што во Малешевискиот крај  се реши еден од најгорливите проблеми  на нашите сограѓани кај кои досегашните пречки во животот конечно се минато. Инаку според член 3 од Законот за државјанство, во Македонија државјанството се стекнува со: потекло, раѓање на територијата, природување и меѓународни договори.

Немањето државјанството е сериозен проблем во светот. Распаѓањето на големите држави и формирањето на независни и самостојни држави, бегалските кризи, војните, пропустите во законските решенија во некои земји, се причини што доведуваат до тоа. На глобално ниво повеќе од 10 милиони луѓе се соочуваат со овој проблем.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.