СПРОВЕДЕНА ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА НА ТЕМА ,,ПРЕВЕНЦИЈА ОД УПОТРЕБА НА ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА”

СПРОВЕДЕНА ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА НА ТЕМА ,,ПРЕВЕНЦИЈА ОД УПОТРЕБА НА ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА”
декември 23 16:43 2021

ОВР Берово, во соработка со Општина Берово и институциите на локално ниво, денеска, во Берово , организираа едукативна кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства.

Пред учениците во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” и ОСУ ,,Ацо Русковски” презентирани се ризиците од употреба на пиротехнички средства, а во централното градско поддрачје се поделени флаери со едукативна содржина. Целта на кампањата е превентивно делување на свеста на граѓаните, особено околу новогодишните празници, да не употребуваат пиротехнички средства.

Од ОВР Берово, апелираат до сите граѓани, да се воздржат од каква било употреба на петарди и други пиротехнички средства, при прославувањето на празниците, не само поради предвидените законски санкции, туку и поради опасностите што ги носи употребата на овие средства по безбедноста, здравјето и животот на граѓаните.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.