СО ПОСЕБЕН ПРОТОКОЛ,ОДБЕЛЕЖАН 23 АВГУСТ ДЕНОТ НА НАШИОТ ГРАД БЕРОВО.

СО ПОСЕБЕН ПРОТОКОЛ,ОДБЕЛЕЖАН 23 АВГУСТ ДЕНОТ НА НАШИОТ ГРАД БЕРОВО.
август 23 12:32 2020

Со положување на свежо цвеќе, пред бистата на паднатите борци во НОВ од Малешево, денеска во Берово, започнаа активностите за одбележување на 23 август- Денот на градот.

Делегации од политичкиот и јавниот живот положија цвеќе,  а пред присутните беше прочитан и реферат за значењето на денот.

После положување на цвеќе, присутните се упатија кон Бизнис инкубаторот во Берово, каде што се одржа Свечената Седница на Советот на општина Берово.

Седницата се одвиваше под запазување на сите мерки за заштита на јавното здравје и со намален број на присутни поканети гости.

На свечената седница, свое обраќање за реализираните проекти, имаше Градоначалникот на општина Беорво, Звонко Пекевски, кој честитајќи го денот, повика и понатаму да продолжиме заеднички да работиме за развојот на Берово и да реализираме уште многу успешни проекти.

Пред присутните се обрати Пратеничката Јагода Шахпаска, која во својот краток говор, го истакна значењето на 23 август, давајќи посебен акцент кон  почитување на мерките за заштита од КОВИД 19.

Во дневениот  ред на свечената седница, беа исчитани имињата на учениците и менторите, кои постигнаа големи резултати во учебната 2019 -2020 година, на кои заради пандемијата од КОВИД 19 благодарниците и наградите, дополнително ќе им бидат доделени.

Пред присутните беа прочитани и првонаградените литературни творби,  на анонимниот конкурс на тема ,,23 Август- свела иднина за Берово”, на ученичките Јована Цикарска и Елена Ризовска.

Исто така беа исчитани и имињата на личности или групи, кои во текот на изминатата година особено се истакнале во општествениот живот, а плакета за особен придонес во развојот на општина Берово, беше доделена на Благој Механџиски-ЗЕГИН.

Во текот на свеченоста беше проследена и кратка видео презентација за сработените проекти во изминатата година.

Во прославата на денот, за жал оваа година ќе недостига отварање на ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛОТ, кој години наназад е еден од поголемите фестивали во регионот, меѓутоа во интерес и за заштита на јавното здравје, да се надеваме дека со збогатена програма ќе го проследиме наредната година.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.