СДММ БЕРОВО ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ГО ОДБЕЛЕЖА СО ЕКО АКЦИЈА НА БЕРОВСКО ЕЗЕРО.

СДММ БЕРОВО ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ГО ОДБЕЛЕЖА СО ЕКО АКЦИЈА НА БЕРОВСКО ЕЗЕРО.
април 22 20:15 2021

По повод Денот на Планетата Земја – 22 ри Април, СДММ Берово денес спроведоа акција за чисење на Беровското езеро.Во акцијата учествуваа околу 30 членови на младите Социјал демократи од Берово, како и вработени од АД ,, Водостопанство” подружница Берово. а исто така реализацијата на акцијата беше поддржана и од ОО СДСМ Берово како и ЈКПР,, Услуга”.

Како што истакна претседателот на СДММ Берово Александар Мановски, еко акцијата се одвиваше во пределот од стариот пат на Беровско езеро па се до круната со поставување на еко пораки покрај крајбрежјето.Тој им се заблагодари на учесниците и помагателите а посебна благодарност упати до комплексот „Аурора Ресорт и Спа“, кои обезбедија храна и топли напитоци за учесниците.

-Денеска, на 22 април – Денот на планетата Земја, ние СДММ Берово испраќаме порака за грижа на нашата земја од која црпиме енергија. Организиравме еко-акција и поставивме еко-пораки во пределот на Беровско езеро(од стариот пат до круната), во срцето на еко-туризмот на нашето убаво градче. За вредностите кои ги пренесуваме, бевме поддржани и силно помогнати од ОО СДСМ Берово, АД,, Водостопанство” на РСМ- подружница Берово,ЈКПР,, Услуга”, како и од најголемиот промотор на туризмот на нашето градче во цел свет, прекрасните,, Аурора Ресорт и Спа ” и секако од триесетина младинци кои дадоа допринос во подигање на свеста за нашиот единствен дом планетата земја.Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката, затоа што ние сме воедно и борци за еко-туризам. Со заеднички напори, упатуваме порака до секој еден од нас, да се приклучиме кон глобалната цел да си ја вратиме нашата планета Земја и секој ден нека ни биде посветен за неа – рече Мановски.

СДММ Берово во следниот период најавуваат слични вакви акции и приклучување кон иницијативи и кампањи со цел да се подигне еколошката свест кај младите за почисто и поубаво Берово, кое ќе го задржи местото како една од нај посакуваните туристички дестинации во државата.

Инаку денот на планетата Земја е годишен настан создаден во чест на животната средина на Земјата и да се подигне јавната свест за загадувањето. Денот се одбележува на 22 април секоја година и на целата планета се прославува со различни настани како конференции, надворешни активности и други проекти.Денот на планетата Земја продолжува да добива на значење секоја година. Во 1990 година движењето стана глобално и 200 милиони луѓе во 144 земји во светот учествваат во одбележувањето. Во 2000 година учестуваа 5.000 организации за заштита на средината од 184 земји.

Денес повеќе од 1 милијарда луѓе во светот учествуваат во ова глобално движење.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.