ПРОТЕСТ НА БЕРОВСКИТЕ МАТУРАНТИ ПРОТИВ ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНА МАТУРА.

ПРОТЕСТ НА БЕРОВСКИТЕ МАТУРАНТИ ПРОТИВ ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНА МАТУРА.
декември 18 23:15 2020

Беровските матуранти денес во училишниот двор на беровската гимназија го изразија своето незадоволство против полагањето Државна матура. Тие на мирниот протест истакнаа дека одлуката за бојкот на наставата во 4 година не е одлука на поединец по успех или титула, туку е донесена врз база на претхдодно оставрени контакти на наши претставници со претставници со други училишта поврзани со бојкотот на наставата.

Додадоа дека согласно планот за образование на средношколците се предвидува измена на законот за Државна матура со која би ја полагале оние кои би изразиле желба за тоа.

Во однос на часовите кои не се реализирани цела недела  се надеваат дека нема да бидат регистрирани како неоправдани бидејки тие само ги браат нивните права.

Од гимназијата не излегоа со официјална изјава но додадоа дека не се против барањата на учениците но од друга страна бараат да се почитуваат посточеките закони околу спорведувањето на Државната матура.

Околу 100 матуранти треба да полагаат Државна матура во Берово, повеќето ученици им изразиле поддршка а тука се вбројуваат и учениците о Пехчево кои како што велат се нанивна страна.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.