Промовирани нови мерки за вработување. Ќе се зголеми ли бројот на луѓе со плата?

април 25 17:02 2018

Промовирани нови мерки за вработување. Годинава, освен работодавачи и потенцијални работници, истите ќе можат да ги користат и социјални претпријатија и граѓански организации:

  • За оперативните мерки за вработување се издвоени 17 милиони евра, а е планирано да бидат опфатени 16.269 невработени лица, истакна Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Новиот оперативен план за вработување е поддржан од УНДП:

  • Оваа година УНДП ќе го поддржи спроведувањето на три мерки од Оперативниот план на активни мерки за вработување кои ќе имаат за цел да го помогнат претприемништвото, воспоставувањето локални партнерства и новиот модел на обуки за занимања и вештини кои ја зголемуваат вработливоста и создавањето квалитетни работни места, кажа Зоран Заев, премиер на РМ.

Целта на плановите за вработување е креирање работни места во приватниот сектор преку промоција на претприемништвото и развој на вештини според потребите на пазарот на трудот, но и да се задржат младите дома:

  • Стапката на невработеност кај младите која е околу 50 отсто, придонесува за напуштање на државата од нивна страна, истакна Луиза Винтон, постојаната претставничка на УНДП во Република Македонија.

Досега, активните мерките за вработување дадоа добри резултети, а има и голем интерес за истите:

  • Најголем интерес има за субвенционираното вработување, каде има субвенционирање на плати од 18.000 денари за лицето плус 1.000 денари з аработодавачот, а новина е тоа што сега парите ќе се даваат однапред, појасни Билјана Јовановска, директор на АВРМ.

Инаку, според Државниот завод за статистика лани во државата имало 945.212 активно население. од нив, 740.648 се вработени, а 213.564 невработени.

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.