ПРЕТСТАВНИЦИ НА МПЦ И ХУМАНИТАРНАТА ФОНДАЦИЈА “ЕЛЕУСА” ОСТВАРИЈА СРЕДБА ВО ОПШТИНА БЕРОВО

ПРЕТСТАВНИЦИ НА МПЦ И ХУМАНИТАРНАТА ФОНДАЦИЈА “ЕЛЕУСА” ОСТВАРИЈА СРЕДБА ВО ОПШТИНА БЕРОВО
април 21 22:45 2022

Во пресрет на големиот христијански празник празник Воскресение Христово – Велигден, денес градоначалникот Звонко Пекевски оствари средба со претставници од македонската православна црква, Отец Ѓоше Костадиновски и Отец Леонтиј Ајтовски од хуманитарната фондација „Елеуса“.

На средбата покрај честитките за претстојниот празник се разговатало и за сите видови досегашна соработка која ја имаме со црквата на локално ниво, како „Божиќната литија“ која оваа година беше посебно масовна и планови за идни соработки кои носат позитивни вредности за нашите граѓани.

-Со Отец Леонтиј од „Елеуса“ разгледавме можности како оваа фондација која ги поврзува сите оние спремни да помогнат и да даруваат за социјално загрозените семејства како во иднина на редовно ниво да ги подржуваме граѓаните на Општина Берово кои имаат потреба од хуманитарна помош – истакна градоначалникот Пекевски.

Заедно пренесуваме порака на сплотеност, добрина и љубов, взаемна почит за сите кои се основа и на христијанството и на демократското општество и живеење кон кое се стремиме.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.