ПОМОШ ЗА МУЗИЧАРИТЕ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА И ПИЈАНЕЦ.

ПОМОШ ЗА МУЗИЧАРИТЕ ОД МАЛЕШЕВИЈАТА И ПИЈАНЕЦ.
јуни 12 17:29 2020

Донација од прехрамбени пакети, деновиве беа поделени на музичарите од Малешевијата и Пијанец од страна на нашиот сограѓанин Мило Дестановски кој живее и работи во Америка.Како што вели Дестановски, оваа помош е во соработка со директорот на „Гласот на Ромите“ г-дин Шани Рифати, кој работи за промовирање и зачувување на ромската култура во целиот свет и наши сограѓани од Америка,Австралија, Словенија.

  • Фактот дека музичарите останаа на цедило како последица на корона вирусот, го вклучи алармот на хуманост на нашите Македонци овде во Америка и пошироко.Јас како организатор на хуманитарната донација, навистина им се заблагодарувам на сите кои се вклучија во акцијата, а посебно до почитуваниот Шани Рифати кој несебично придонесе за реализација на донацијата – истакна Дестановски.

Музичарите пак, му се заблагодарија на Мило, кој исто така најави дека акцијата за помош на музичарите ќе продолжи и во соседните општини Струмица,Кочани,Радовиш,Штип како и за дел од музичарите од Скопје.За неговата хумана дејност, музичарите од неговата група „Етно Малеш“ одсвирија малешевско оро во чест на благодарност кон Мило и сите наши иселеници во светот.

  • Следниот период ќе се потрудиме да им помогнеме и на дел од нашите колеги музичари во соседните општини и Скопје, бидејќи навистина им е потребна помош.Колку што можам секогаш ќе ги подджувам моите сограѓани и музичарите.

As many of you know, I have toured internationally with Etno Malesh, a folk-fusion band that I co-founded around 15 years ago in Berovo with friends and family. My colleagues – who have been a huge help in distributing care packages to families in Berovo, Pehcevo, Crnik, Trabotivishte and Delchevo – wanted to share this video as a special thank you to all of our friends from Australia, Slovenia, Holland, and the U.S., who generously donated to our ongoing humanitarian aid project.https://www.gofundme.com/f/help-the-romani-people-from-the-virus?utm_source=customer&utm_medium=copy_link-tip&utm_campaign=p_cp+share-sheet

Публикувахте от Milo Destanovski в Четвъртък, 11 юни 2020 г.

Инаку претходно Мило Дестановски, обезбеди над 200 пакети помош за сите ромски семејства во Берово.

Пандемијата на корона вирус ги остави музичарите без работа, па голем број од нив реагираат дека поради откажаните настапи кои им биле единствена егзистенција, доведени се до питачки стап и не знаат како ќе функционираат наредниот период.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.