ПОКАНА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНА ПОВРШИНА И ТЕЗГИ ЗА ВРЕМЕ НА ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 2022

ПОКАНА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНА ПОВРШИНА И ТЕЗГИ ЗА ВРЕМЕ НА ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ 2022
август 01 19:59 2022

Почитувани,

Со задоволство сакаме  да Ве известиме дека после пауза од две години, Општина Берово,  оваа година,  во периодот од 26 до 28 август, под покровителство и организација на Општина Берово, со поддршка  Министерството за култура на РСМ и Авиатор ДООЕЛ Скопје, ќе се одржи:

Етно Плоштад Фестивал 2022 година

Реномиран музички фестивал и саем за зачувување на културното наследство.

На тридневната концертна фестивалска програма ќе настапат, Наде Талевска, Ристо Самарџиев, Дани Димитровска, Александар Тарабунов, придружувани од Камерен оркестар Битола,  Антониа Гиговска, Слаткаристика, Александра Јанева, Дац и Александар, Фиц- студени нозе, 2 Бона и други.

Во рамки на фестивалот се одржува и саемот на традиционални локални производи „Малешевијата на дланка“.

На овој саем ја продолжуваме малешевската традиција, изложувајќи ги на штандови, ракотворбите изработени од вештите раце на малешевската домаќинка, и надалеку познатите малешевски специјалитети, шумски плодови и лековити билки.

Општина Берово Ве поканува, доколку сте заинтересирани за претставување и промоција на локалните производи, како и за користење на јавна површина, во прилог на поттикнување на локалниот економиски развој и туристичката понуда, да земете учество на оваа манифестација.

Пријавувањето за учество на саемот ќе трае до 19 август 2022 година со пополнување на пријава.

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА ТУКА

Телефон за контакт: +389 33 471 057

Лица за контакт:

Даница Пиличовска  Моб.076/454-616

Зоран Нешкевски Моб.071 626 649

e-mail:so.berovo@t.mk

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.