РАСТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ

РАСТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ
септември 02 18:40 2016

Потрошувачката кошничка на истокот трипати поскапа од платата. Пресметките покажуваат дека во првиот месец од годината трошоците за живот се зголемиле, односно трошоците за храна и комуналии изнесувале околу 32.000 денари. Од друга страна, најголем дел од вработените во стопанството овде се со плати од 12.000 денари, а пензиите во просек се движат околку 10.000 денари.

Според пресметките, најголем дел од буџетот на граѓаните бил потрошен за храна, односно 15.000 денари, потоа 10.000 денари за домување, 2.000 денари за превоз, 2.000 денари за облека и обувки, 2.200 денари за хигиена, а најмалку средства биле издевоени за одржување на здравјето, односно 700 денари.

Разочарани од нискиот стандард и плати, граѓаните се пожалија дека едвај го преживуваат месецот.

  • Со минимално не, не може, само може илузија да си правеме. Малку е, не можеш да ги платеш давачките, а камоли за живеење, кажа анкетиран граѓанин
  • Да ви кажам помагат малку децата, не можеш да преживееш. Ние немаме многу големи пензии. Има давачки, па лекарства, рече анкетиран граѓанин
  • Новите времиња покажуват дека просечната плата во Македонија е над 9.000 па до 12.000. Значи не може да се преживее. Само за основните работи дома што треба да ги поминеш со тие 12.000 не можеш, изјави анкетиран граѓанин

Поради сето ова, платите мора да ги следат трошоците за живот.

  • Од 35.000 денари па нагоре, до 35.000 е малку, изјави анкетиран граѓанин
  • Една фамилија треба да има најмалку од 1.000 до 1.500 евра приходи дома, па да опстане 4члено семејство, изјави анкетиран граѓанин

Според Државниот завод за статистика, просечната месечна плата во декември 2017 се зголемила во однос на декември 2016 и таа изнесува 23.196 денари. Дури и вака таа е далеку помала од пресметаните трошоци за живот, настрана фактот што оние кои ваква плата зимаат на истокот ги има малку.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.