Пехчево ќе ја организира првата велосипедска тура „Пехчево на точак“

април 25 17:12 2018

На 19. мај, Пехчево ќе биде домаќин на првата велосипедска OFF-ROAD тура „Пехчево на точак“. Патеката е долга 30 км, а ќе се вози по падините на Малешевските планини. Од пехчевска страна патеката е исклучително тешка и не се препорачува за почетници.

На 19 ти мај почнува од 9 часот, стартот е од плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево. Во турата може да учествува секое полнолетно лице кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински терен. Искуство мора да има. Важно е да се подготвени и физички и психички, да има соодветна опрема, кацига, подготвен велосипед.

Секој учесник во турата, вози на сопствена одговорност, според своите можности и е лично одговорен за евентуалните несакани последици.

Од организаторите, општина Пехчево и хотел Гогов,за секој од учесниците имаат подготвено „ланч пакет” со сендвич, вода, овошје и магнезиум. Освежување ќе има и на пункт на втората половина од патеката со вода и сокови, ќе има и медицинска помош и возила кои ќе ги следат учесниците.

Целта на велосипедската тура е да се разбуди авантуристичкиот дух на велосипедистите, да се поттикне дружење, создавање нови пријателства, да се доживеат убавините на пехчевската природа и да се создаде една нова традиција .

Од општина Пехчево апелираат учесниците да го почитувате кодексот на однесување во планина, односно да не се фрла ѓубре и да не се пали оган.

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.