ПЕКЕВСКИ: РУСИНОВО ЈА ПРЕПОЗНАВА ПОСВЕТЕНОСТА И ИСКРЕНОСТА, СРАБОТИВМЕ МНОГУ, ВО ВТОРИОТ МАНДАТ ПРОДОЛЖУВАМЕ УШТЕ ПОСИЛНО

ПЕКЕВСКИ: РУСИНОВО ЈА ПРЕПОЗНАВА ПОСВЕТЕНОСТА И ИСКРЕНОСТА, СРАБОТИВМЕ МНОГУ, ВО ВТОРИОТ МАНДАТ ПРОДОЛЖУВАМЕ УШТЕ ПОСИЛНО
октомври 15 21:03 2021

Вечерва карванот на „Најдоброто за мојата општина“ ја одржа својата последна трибина во село Русиново.
Пред голем број присутни за кои немаше место во салата својата програма ја презентираше Звонко Пекевски кој изрази задоволство од големото присуство што како што кажа тој е доказ дека политиките на општината се позитивно прифатени и признаени од граѓаните.

„Благодарам за присуството, благодарам за поддршката која ми ја давате, благодарам што ги препознавате политиките на СДСМ и Коалицијата ,,Најдоброто за мојата општина”- главните политики за развој на општина Берово.“, за заблагодари Пекевски.

Тој направи мало резиме на својот мандат и потенцираше дека од задолжена општина, Берово е сега ликвидна општина која креира и финансира проекти за унапредување на квалитетот на животот на своите граѓани.

„На почетокот би дал краток осврт за реализација на дел од позначајните проекти за Русиново, кои колку и да сакаат, нема да можат да ги потценат моите противници од ВМРО ДПМНЕ, затоа што се видливи, затоа што даваат резултати, затоа што граѓаните се задоволни и затоа што изминатите години, се реализирани многу проекти за Русинци и за Русиново.


Изминатите 4 години реконструирани се повеќе улици во селото : улица ,,Моша Пијаде”, улица ,,Боро Алаѓозов” улица,,Гоце Делчев” улица ,,2’’, понатаму локалниот пат за Безгашчево, изградена е канализација крак 3, изграден е колектор крак 4 и 5 на улица ,,Боро Алаѓозов”, решен е долгогодишниот проблем со урбанизација во селото.  
Во изминатите 4 години, во општина Берово и во с. Русиново, беше воведен нов комунален ред, со бројни активности за видно подобрување на јавната чистота, започнувајќи од собирањето на сметот, преку обезбедување на нови контејнери, понатаму набавка на нови возила за смет и најпосле обезбедување на европски третман за управување со отпадот.“, потенцираше дел од проектите на овој мандат Пекевски.

Тој зборуваше и за субвенционирањето на основците и средношколците, поддршката за младите од Општина Берово, стипендиите за талентирани ученици, реконструираното „Никола Петров Русински“ училиште, „Трујчинденски Русински средби“ и други проекти реализирани во овој мандат

Тој потенцираше дека градежната офанзива да нема улица без кал ќе продолжи и во Русиново, ја најави реконструкцијата на мегданот како еден од првите приоритетни проекти, нови детски реквизити во детската градинка, решавање на проблемот со водата и голем број други проекти планирани за решавање во вториот мандат.

Пекевски истакна дека со редовни средби со жителите ќе дефинираат и други проекти, приоритети и проблеми кои ќе се решааваат во вториот мандат.

На крај ги повика сите жители на Русиново, сите жители на Општина Берово во недела, масовно, достоинствено и демократски да излезат да го дадат својот глас за Број 12 за градоначалник и бројот 12 за листа на советници на СДСМ и коалицијата и вети дека #Најдоброто допрва доаѓа.

Во поддршка на Пекевски и листатата на советници зборување и актуелната министерска за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која потенцираше за Пекевски дека по истражувањата Пекевски е еден од најактивните, најупорни и најпродуктивни градоначалници како во овој мандат така вооошто со речиси целосно реализирана програма и огромен број проекти кои не биле воопшто планирани.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.