ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА “ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ОНЛАЈН СФЕРАТА КАКО ДЕЛ ОД АНТИЦИГАНИЗМОТ”

ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА “ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ОНЛАЈН СФЕРАТА КАКО ДЕЛ ОД АНТИЦИГАНИЗМОТ”
март 03 13:37 2022

На 16,02,2022 (среда) во хотел Континетал, Скопје, се одржа конференцијата, “Говорот на омраза кон ромската заедница во онлајн сферата како дел од антициганизмот” организиран од страна Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и Регионалната Ромска Образовна Мадинска Асоцијација во рамките на проектот на ЕРГО мрежата “Peer education to counter antigypsyist hate speech online” кој е поддржан од Google.Org Impact Challenge on Safety.

На конференција свое воведно обраќање имаше  г-динот Mхамед Точи, државен секретар, министерство за правда.

Конферницијата беше одржана во две панел дискусии.

Првата панел дискусија беше наменета за Презентација на извештајот за говор на омраза и модерирана од страна на г-ца Марија Сулејманова – Ромалитико и панелисти/говорници на панел дискусијата беа: г-дин Дениз Селмани – Автор на годишниот извештај, Мухамед Ајваз – Автор на кварталните извештаи, г-ѓа Марија Андреева – Совет на Европа и г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа – народен правобранител.

Втората панел дискусија се одвиваваше на тема Антициганизмот во Република Северна Македонија, дискусијата ја водеа панелисти/говорници г-дин Елвис Мемети – советник за инклузија на Роми, г-дин Мустафа Јакупов – Извршен директор на РРОМА, г-ца Марија Сулејманова – Ромалитико, г-дин Исмаил Камбери – комисија за заштита од дискриманција, дискусијата ја  модерираше г-дин Суад Скендери – Ромалитико.

На конференцијата се презентираше извештајот за говор на омраза проследен со дискусија на темата антициганизам во Република Северна Македонија. Според извештајот, во кој се анализирани 118 случаеви на говор на омраза кон ромската
заедница значително се има зголемено во текот на Ковид19 пандемијата. Говорот на омраза во интернет сферата е присутен најчесто на социјалната мрежа Facebook, како најчесто користена мрежа. Негативните коментари, навреди и како и поттикнувањето на говор на омраза се присутни и на постови кои одразуваат негативна содржина кон ромската заедница, меѓутоа и на постови кои прикажуваат позитивна содржина.

На Конференцијата се упати апел за регулирање на слабата правна рамка за говор на омраза за која говори и фактот што во нашата држава е донесена само една правосилна одлука за говор на омраза. Исто така, се упати порака дека потребно е институциите да се запознаат со терминот и концептот антициганизам кој претставува специфична форма на
расизам врз Ромите и за прв пат како термин е официјално прифатен и од страна на РСМ во новата Стратегија за Роми во која се предвидени активности преку кои ќе може се работи искоренување на антициганизмот.

Пристапите кон извештајот на македонски јазик тука

Пристапете кон извештајот на англиски јазик тука

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.