ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА СВИЊИ ДЕНЕС ПРОТЕСТИРАА ВО СЕЛОТО СМОЈМИРОВО

ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА СВИЊИ ДЕНЕС ПРОТЕСТИРАА ВО СЕЛОТО СМОЈМИРОВО
септември 21 12:52 2022

Во беровското село Смојмирово започна најавениот протест на одгледувачите на свињи од Малешевијата. Протестот како што истакнаа организаторите е поради решението за депопулација на свињи на оваа територијата со цел нивна заштита од болеста Африканска чума.

Александар Мачевски еден од организаторите на протестот рече дека иако поканиле надлежни да ја образложат одлуката на собирот, нивното присуство изостанало.

-Протестираме затоа што не сме задоволни од одлуката на АХВ со која се врши депопулација на свињите на наша територија. За време на протестот дојдоа од полицијата и не известија дека одлуката е сменета и дека нема да се уништуваат и да ни ги земаат свињите. Тоа е срамота, а утре или задутре ако не казнат кога ќе дојдат да ни ги земат свињите прво ќе треба да ја викнеме полицијата бидејки таа ни ја соопшти одлуката. Ако продолжат со старата одлука, ние нема да се тргнеме од овде, се додека не дојдат да ни соопштат како понатаму. Ако не дојдат, ќе продолжиме со друг протест и блокирање на цела Малешевија, рече Мачевски.

Мачевски воедно упати повик и до претставниците на Анима Мунди кои претходно реагираа во случај во кој го обвинија за малтретирање на јагне, да реагираат и сега и да ги заштитат свињите кои како што додаде од вчера започнаа да се уништуваат во неколку села во Малешевијата.

Според Димитар Пачрски, неприсуството на надлежните од АХВ да разговараат заеднички за можното решение на проблемот, ги принудува одгледувачите на свињи да го радикализираат протестот во наредните денови.

-Не тераат со сила да се радикализираме и да направиме нереди за да дојдеме до некое наше право или сознание што всушност се случува тука. Како единствена општина која е најчиста во државата и во однос на климатски услови и се друго, не ни даваат на раат да јадеме месо. Ние добро си поднесовме барање да дојдат да ни кажат дали нашата стока е заразена или не е заразена. Ако не е заразена нека не остават да си ја чуваме и храниме, а не на нив кога им текне да ни ја уништуваат. Зошто не појдат во некоја фарма, тука не најдоа нас кои можеби сме свињари и овчари, но трева не пасеме. Зошто не дојдат сега ветеринарните инспектори да ни кажат дека од утре нема да ни ја уништуваат стоката, рече Димитар Пачарски.

На протестот на одгледувачите на свињи денес им беше соопштено дека е донесена нова одлука со која се одложува депопулацијата на свињи во радиус од 10 километри на територијата на Малешевијата.

Протестот се одвиваше во периодот од 11 до 13 часот, а за в петок организаторите најавија нов протест со блокирање на повеќе патни правци во Малешевијата.

Видео од протестот:


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.