„Мрдни со прст“ во пехчевски Црник го уредуваше дворот на детската градинка.

април 24 19:00 2018

Жителите на пехчевското село Црник ‘мрднаа со прст’ за реализација на работната акција “Заедно до поголеми детски насмевки”. Акцијата обедини  60-етина млади, деца и возрасни кои работеа на  уредување на дворот пред детската градинка и поставување на детски реквизити.:

  • Оваа акција беше поддржана од страна на НВО КХАМ од Делчево и општина Пехчево во рамки на иницијативата ,,Мрдни со прст’’ заедно Детската градинка 7ми Септември и има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец како и да се понудат идеи за приднонес  кон специфични активности  во рамки на  заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно, изјави Ромина Кајтазова од НВО КХАМ Делчево.

На овој начин, жителите на Црник уште еднаш ја истакнаа важноста од правилното детектирање на приоритетите , но и обединувањето околу нивно реализирање:

  • Жителите од село Црник најмногу придонесоа кон успешност на оваа акција и покажаа дека соработката со институциите е возможна и дека со желба, ентузијазам и проактивност може да се случи промената што сакаме да ја видиме, кажа Кајтазова.

Од НВО КХАМ Делчево очекуваат да продолжи ентузијазмот на граѓаните за промена на нештата, но исто и совесно и грижливо да се одржуваат општите добра.

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.