МИНИСТЕРОТ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ НА РАБОТНА СРЕДБА ВО БЕРОВО.

септември 17 19:22 2018

Министерот за ванатрешни работи Оливер Спасовски, денес  ја посети полициската станица во Берово, а исто така оствари средба и со градоначалникот Звонко Пекевски.

На работната средба градоначалникот Пекевски истакна дека разговарале за стапката на безбедност во Општина Берово која е меѓу најбезбедните општини во државата како и состојбата на повеќе сообраќајници во градот и решавање на некои од нив кои ќе овозможат непречено движење и користење на истите кои во одереден период од годината се узурпирани.

Министерот Спасовски изрази задоволство од работната посета во Берово и задовлство од работата и условите во полициската станица, каде стапката на криминалитетот е во опаѓање а тоа се должи на зголемената ефикасност на полицијата.

На актуелното прашање за престојниот референдум министерот Спасовски рече дека 30 септември ќе биде голем ден за Македонија со успешен референдум и ги повика сите граѓани да се приклучат и заеднички да дадат подржка на патот на Република Македонија кон Нато и Европската Унија.

По средбата министерот Оливер Спасовски, прошета низ градот каде што се сретна со повеќе граѓани на Берово.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.