КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН ИЗРАЗИ СОЧУСТВО ДО СЕМЕЈСТВОТО БЕЛЧОВСКИ.

КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН ИЗРАЗИ СОЧУСТВО ДО СЕМЕЈСТВОТО БЕЛЧОВСКИ.
април 18 16:04 2021

ПОЧИТУВАНО СЕМЕЈСТВО БЕЛЧОВСКИ,

Примете го нашето сочуство, кое го изразуваме во знак на жалост по прерано згаснатиот живот на Вашата ќерка и сестра Верица Белчовска. Како семејство од истиот крај и пред се како сограѓани горди сме на вашите постапки и на хуманиот карактер кој го покажавте како пример за нашата земја и целото општество. Сочуствувајќи со вашата ненадоместлива, тага и болка, со сиот респект кон делото што го направивте, Ви стоиме на располагање со сите потенцијали на СЕМЕЈСТВОТО МЕХАНЏИСКИ И КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН, кои ќе ни претставува чест да ги изразиме во секој хуман облик и гест. Сметајте на нашата безрезервна поддршка, како и на поддршката што ја упатуваат нашите БЕЗБРОЈ ПРИЈАТЕЛИ И ДЕЛОВНИ ПАРТНЕРИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА И ПОШИРОКО.
Со овој чин на „подавање рака“ во најтешките мигови, се надеваме дека ќе ја ублажиме вашата болка и тага и ќе ја замениме со чест и гордост, која во овие кревки и тешки времиња ќе СТАНЕ ПРИМЕР ЗА ТОА КАКО ТРЕБА ДА СЕ САКА БЛИЖНИОТ И СВОЈОТ НАРОД. Од вас сите нека научат што значи ЉУБОВ, СОЛИДАРНОСТ, МИЛОСРДИЕ И ГРИЖА, со дарување на органите од животот што згаснува ЗА 14 –ТЕ ЖИВОТИ што ги спасивте и продолживте, на младите луѓе, на кои Верица, заедно со вас им донесе иднина и ќе живее во нив. НИВНИТЕ 14 СЕМЕЈСТВА ПО СИЛА НА НАУКАТА ЌЕ БИДАТ НИВНИОТ РОД.


ПОЧИТУВАНО, БЛАГОРОДНО И ДРАГО, СЕМЕЈСТВО БЕЛЧОВСКИ БИДЕТЕ ГОРДИ НА ОВОЈ РЕТКО ХУМАН ЧИН
ВАШИОТ СОСЕЛАНЕЦ БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ СО СВОИТЕ НАЈМИЛИ И ВРАБОТЕНИ ВО ЗЕГИН.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.