КОЛУМНА: ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ИЛИ ПАРТИСКА ПЕРСПЕКТИВА

КОЛУМНА: ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ИЛИ ПАРТИСКА ПЕРСПЕКТИВА
март 11 22:15 2018

Утописки модел е во Македонија да делуваш преку граѓанска иницијатива. Кај нас луѓево се вакцинирани од тој принцип на демократско дејствување. Македонија две децении го живее синдромот “се за ТИТО и партија” само што нашиве титовци произлегуваат од повеќе партиски систем а владеат по принципот на едно партиски систем, па од тука имаме поделба на наши и ваши, на патриоти и предавници на вмровци и соросоиди на албанци и македонци и така до бесконечно…

Најжално од се е што нашиот просечен граѓанин на прво место не си ги знае своите права и обврски. Македонскиот просечен граѓанин е типичен МЕДИОКРИТЕТ кој нема свој личен став, неговите ставови се во тесна врска со ставовите кои ги има партијата  во која истиот партиципира. Тој е дел од креирањето на гласачката машинерија, негов врв се гласовите кои успева да ги собере за одредени избори, а негов бенифит е зачувување на мизерното работно место на кое и тој самиот незнае што работи кој му е шеф и која е потребата од него. Така Македонската држава се гради цели две децении. Едно не ми е јасно толку паметна нација со 90 проценти од генерација кои студираат како ја толерира таа ситуација. Или на факултетите тоа ги учат, да бидат толератни и послушни. Па ние сме најшколувана нација со 90 проценти генерациски факултетско образовани. Што направи Беконовата “Знаењето е сила, знаењето е моќ” и како сега да се вработат овие луѓе, ако несака да ги вработи никој имаат опција да се самовработат и да станат лесен плен на инспекцииве, но за тоа друг пат да се вратам на темава:

Погоре е опишан македонскиот просечен граѓанин. Тој европски ендемичен вид никогаш не може да биде дел од граѓанска иницијатива. Поимот ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА  во законот стои дека е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето преку покренување на иницијативи пред Собранието на Република Македонија, пред советите на општините. Граѓанската иницијатива може да се јави како граѓанска иницијатива на државно и на локално ниво.

На државно ниво може да се покрене за поднесување предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија,предлагање за донесување на закон и за распишување на референдум на државно ниво, додека граѓанската иницијатива на локално ниво може да се покрене и за донесување на одреден пропис на општините, за решавање на одредени прашања од надлежност на советите на општините, и распишување на референдум на локално ниво.

Граѓанската иницијатива на локално ниво се  покренува пред советот на општината. Таа се  се покренува на предлог на 100 граѓани. Предлогот за покренување граѓанска иницијатива на локално ниво се доставува до претседателот на советот. Предлогот треба да биде поднесен од овластен предлагач  (првиот потписник на предлогот за покренување на граѓанска иницијатива) и да се однесува на прашање за кое е надлежен да одлучува советот на општината.

Претседателот на советот по добивањето на предлогот за граѓанска иницијатива во рок од три дена ќе испита дали предлогот е поднесен од овластен предлагач и дали се однесува за прашања за кои е надлежен да одлучува советот. Кога претседателот на советот ќе утврди дека иницијативата е неуредна, прашањето во врска со иницијативата ќе го стави на дневен ред на првата наредната седница на советот, но не подоцна од 15 дена од денот на утврдувањето на неуредноста на иницијативата.  Доколку иницијативата е уредна советот со заклучок ќе утврди дека е уредна.

Претседателот на советот го известува овластениот предлагач за заклучокот на советот во рок од три дена од денот на неговото донесување.

Предлагачот е должен граѓанската иницијатива на локално ниво за која е поднесен предлогот да ја спроведе во рок од еден месец од денот на добивањето на известувањето за нејзината уредност. Граѓанската иницијатива на локално ниво се смета за покрената ако најмалку 10% од граѓаните запишани во изводот од Избирачкиот список за општината со свои потписи ја поддржале иницијативата.

После собирањето на потписите овластениот претставник на предлагачот, образецот со потписите на граѓаните за предлогот за кој е покрената иницијатива на локално ниво го предава на претседателот на советот, во рок од три дена од денот на завршувањето со давањето на потписите.

Советот е должен да одлучува во рок од 30 дена по приемот на предлогот .Советот за одлуката по предлогот ги информира граѓаните преку средствата за јавно информирање на начин утврден со статутот.

Тоа е еден од најпрактикуваните модели на дејствување во европските земји и се покажал како доста успешен. Кај нас не се практикува заради тоа што граѓаните како прво не се запознаени а како второ и најбитно имаат страв да покренат иницијатива затоа што мислат дека ќе бидат погрешно сфатени дека работат против градоначалникот или против својата општина. Напротив овој модел ги зближува граѓаните и политичарите т.е. бирачите и избраните и секоја успешно извршена иницијатива значи отчет на избраните.

Крајно време е граѓаните да ја победат таа фобија од партиски челници и да ја заборават изреката дека  “Политиката живи луѓе јаде” додуша имало случаеви очајни политичари да даваат канибалистички изјави , ама да се надеваме дека тоа е минато и неповторливо време.

Моја цел е со оваа колумна е да укажам на тоа дека ако некој сака да направи нешто добро за својата општина не значи дека е против општинската власт, туку дека преку форма на граѓанска иницијатива заедно со општинската власт може да креираат подобро утре. Жално е во 21 век политичарите да ги гледаш како канибалисти и  да бидеш нем посматрач на општествените текови.  Тогаш која е смислата на твоето постоење???

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.