ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ НАЈАВИ ОБНОВУВАЊЕ НА КАЈАКАРСКИОТ КЛУБ И ИЗГРАДБА НА АДРЕНАЛИНСКИ ПАРК ВО НИЗАТА ПРОЕКТИ ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ НАЈАВИ ОБНОВУВАЊЕ НА КАЈАКАРСКИОТ КЛУБ И ИЗГРАДБА НА АДРЕНАЛИНСКИ ПАРК ВО НИЗАТА ПРОЕКТИ ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ
октомври 08 22:18 2021

Звонко Пекевски, градоначалник и кандидат за втор мандат од партијата СДСМ, во низата проекти коишто се предвидени во неговата програма, најави обновување на кајакарскиот клуб во Берово и изградба на адреналински парк.

Во следните четири години во областа на туризмот Пекевски наведува развој на еко-туризмот, активниот туризам со промоција на традиционалната гастрономија. Тој посочи дека една од поголемите перспективи, односно креирање имиџ на општината е заштита на културното богатство, заштита на природните реткости со цел да се зголемат можностите за привлекување локални и интернационални туристи.

Еве кои проекти ги планира Звонко Пекевски во неговата програма „Најдоброто за Берово“:

Изградба на репрезентативен, урбано уреден и осветлен пат од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Берово до влезот кон туристичка населба „Абланица“ – патот накај Беровско Езеро, која ќе биде дополнителна промоција на туристичката понуда на Берово, здравиот животен стил, активниот и рекреативен туризам. Проектот е наменет за планинари и спортисти, домашни и странски туристи, а придобивка ќе имаат спортските и планинарски клубови, придонесувајќи за развојот на планинарскиот туризам.

Поставување монтажни дрвени бараки за продавање на локални производи. Да се изградат нови модерни спортски терени во околината и пешачка патека околу езерото која ќе биде осветлена.

Обновување на кајакарскиот клуб и изградба на адреналински парк, кој ќе биде во рамките на кајакарскиот дом.

Летниковци на повеќе места во заштитените подрачја, за одмор и рекреација на посетителите.

Виртуелен туристички водич низ Берово Развојот на туризмот во голема мера зависи од способностите, знаењата и компетенциите на луѓето вклучени во туризмот. За таа цел, потребна е едукација и континуирана надградба на лицата коишто работат во областа на туризмот, но и едукација и зајакнување на капацитетите на локалното население.

Поголем акцент во областа на туризмот ќе биде даден на:

Организирање и презентација на саеми;

Поддршка на културни и спортски манифестации;

Промовирање на гастрономијата како дел од културата на регионот;

Промоција на манастирска тура;

Промоција и одржување на постојните пешачко-велосипедски патеки;

Изработка на промотивен материјал од областа на туризмот;

Реконструкција на стари куќи и објекти (етнокуќи) за развој на руралниот туризам.

Вредноста на проектот се предвидува да биде 14.000.000 денари, а за негова реализација дополнително ќе се изготви соодветен проект, кој секако ќе биде од огромна важност за сите граѓани на Берово. Целна група:- жителите на Општина БеровоРок на изведба: 2023 година

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.