ЗАПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД 19 ВО БЕРОВО.

ЗАПОЧНА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД 19 ВО БЕРОВО.
април 14 15:21 2021

Веќе втор ден во Здравниот Дом во Берово, се врши имунизацијата на граѓаните против пандемијата од Ковид 19.Како што не информираа од Здравниот Дом во Берво, во понеделник физички се доставени вакцините од Јавната Здравствена установа во Виница и со ново направениот и обучен тим процесот на вакцинација се одвива без никакви проблеми.

Во текот на вчерашниот ден триесет граѓани над 77 години од Берово се вакцинирале со вакцината „Астра Зенека“ а за денес се се пријавени 24 заинтересирани граѓани – истакна Мери Јованова одговорен лекар за вакцинацијата во Берово.

Граѓаните пак кои ја примија вакцината, додадоа дека веруваат во вакцината и им порачаа на сите да се вакцинираат против Ковид 19.

Стоте дози од вакцината „Астра Зенека“, се очекува да се потрошат до крајот на неделата, а следниот пеиод треба да пристигне и втора доза за ревакцинација на истите пациенти која се одвива за 84 денови – додаде Јованова.

Инаку во Берово вакцинацијата доцнеше десетина дена, па граѓаните се имунизираа во соседно Пехчево.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.