ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ФАРМАЦИЈАТА ПРЕКУ ИГРА „Зегин“ се вклучи во едукација на најмладите

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ФАРМАЦИЈАТА ПРЕКУ ИГРА „Зегин“ се вклучи во едукација на најмладите
септември 16 14:05 2021

Центар за едукација и развој на детската имагинација Miny City, во кој децата одблизу ќе се запознаваат со професиите на возрасните, е отворен вчера во Штип. Проектот опфаќа дидактички игри формирани во различни работилници во кои најмалите со реални алатки влегуваат во улога на професионалци и го доживуваат реалниот свет.

Mini City е составен од повеќе од 20 различни куќички кои автентично, но во мини варијанта прикажуваат разновидни професии, како фармацевти, стоматолози, касиери, радиоводители, автомеханичари, лекари.

– Компанијата „Зегин“ со големо задоволство и желба да ја доближи фармацевтската индустрија до најмладата популација се вклучи во проектот наречен Mini City, каде во својата куќичка ќе ги едуцира дечињата како визуелно и практично функционира оваа дејност. Со својата богата програма на детски производи почнувајќи од козметика, производи за имунолошка поддршка, витамини и минерали, како и делот за здрава храна, децата ќе научат како да останат здрави – наведуваат од компанијата.

Не помалку важна е и идејата да се побуди детскиот интерес со што во нивниот подоцнежен професионален развој би се пронашле себеси како дел од фармацевтската професија, која е неизбежен дел од секојдневното модерно живеење.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.