Децата што се раѓаат овде, учат и живеат во странство. За 10 години, од државата се иселиле над 9.000 ученици.

јуни 29 16:48 2018

Децата се раѓаат овде, учат и живеат во странство. За 10 години, од државата се иселиле над 9.000 ученици . Според податоци од Државниот завод за статистика за последните три години, годишно по над 1.200 основци и средношколци си ги земале документите од матичните училишта и се запишувале во школи во други земји. Пред 2014 година во просек има по 700-800 отселени ученици годишно.

Ова е поразителната слика на македонското секојдневие, која излезе на виделина при анализа на бројот на ученици кои од 2008 досега подигнале исписница од училиштето под образложение дека истото ќе го продолжат во странство.

Дополнително, само оваа година, конкретно во Штип се запишаа 200 ученици помалку во прво одделение:

  • Според информациите добиени од патронажните служби, оваа година во Штип во прво оддление требаше да тргнат 538 ученици, но во училиштат се пријавиле само 349, изјави Билјана Казанџиска , рак. на Сектор за образование, јавни дејности и ЛЕР во о. Штип.

Бројот на иселени ученици ги потврдува истражувањата на невладиниот сектор според кои процентот на иселени  од источниот регион е алармантен:

  • Дури 20 % од населението од ИПР се иселило од државата. Луѓето заминале затоа што имаат многу ниски плати, бараат минималната плата во приватниот сектор да биде 500 евра, бараат помала партизација на институциите и слично, кажа Тодор Цонев, прет. на НВО „ИНИ“ – Виница.

Најчести држави каде заминуваат нашите сограѓани се Словенија, Шведска, Италија и Германија.

 

Извор: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.