ИСТОРИСКИ УСПЕХ НА ППК ЗЕГИН ОД БЕРОВО:ДРЖАВЕН ПРВАК И ШЕСТ МЕДАЛИ НА ОДРЖАНОТО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ ЗА МЛАДИ КАДЕТИ.

ИСТОРИСКИ УСПЕХ НА ППК ЗЕГИН ОД БЕРОВО:ДРЖАВЕН ПРВАК И ШЕСТ МЕДАЛИ НА ОДРЖАНОТО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ ЗА МЛАДИ КАДЕТИ.
мај 16 22:15 2021

После речиси едномесечен прекин во СЦ Борис Трајковски, А1 арена, повторно продолжија натпреварите во пинг понг. Честа да го најават продолжувањето на натпреварите ја имаа најмладите, играчите помлади од 12 година во катекоријата У 12.

За прв пат во Македонија се организираше Државно првенство во пинг понг за оваа категорија на играчи. Со скромен број на натпреварувачи вкупно 23 во конкуренција на момчиња и девојчиња започнува една нова традиција во македонскиот пинг понг традиција за која од пинг понгарската федерација се надеваат дека ќе испише нови страници во пинг понгот.

Како први државни прваци на Македонија во конкуренција на млади кадети ќе бидат запишани Љупчо Треновски од ППК Зегин Берово и Фани Јовановска од ППК Крушево. Треновски во финалето беше подобар од клубскиот соиграч Кристијан Каламадевски, додека бронзата кај момчињата ја освоија Леонид Гидалов и Георгиј Стојаноски од ППК Студент.

-Денешното чувство не може да се опише, може само да се доживее. После една година посветена работа со младите категории, доживеав да направам Берово да има државен првак во пинг понг и да се вратиме од државното со шест медали. Браво дечиња, се чувствувам силен затоа што енергијата ја црпам од вашите чисти детски срца, Ви благодарам – рече Јован Ковачовски тренер на ППК Зегин Берово.

Кај девојчињата Јованоска беше подобра од Матеја Смолиќ од ППК Рисови, додека на третото место се пласираа Сара Ризовска и Моника Стајковска од ППК Зегин Берово. Државното првенство покажа дека ППК Зегин Берово во моментот е најголемиот расадник на млади пинг понгарски таленти. Уште поголема тежина на нивниот успех додва и фактот дека клубот е формиран пред само две години.

Најмладите денес продолжуија со натпреварите од ТОП 8 турнирите на кои учествуваат најдобрите осум на ранг листата.Повторно Беровчани беа најдобри во машка конкуренција со освоено прво место на Кристијан Каламадевски и второ место на Љупчо Треновски.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.