ГРАЃАНИТЕ СО СВОИ ИДЕИ И ПРЕДЛОЗИ ЌЕ МОЖАТ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2022 ГОДИНА

ГРАЃАНИТЕ СО СВОИ ИДЕИ И ПРЕДЛОЗИ ЌЕ МОЖАТ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2022 ГОДИНА
ноември 05 19:34 2021

Ве известуваме дека Општина Берово е во фаза на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година и подготовка на годишните програми за работа на одделеијата, за 2022 година.

Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирањето на Буџетот, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓани.
Средбите ќе започнат во населените места, со следниот распоред:

09.11.2021 година

10:00 до 12:00 часот во с. Двориште
12:00 до 14:00 часот во с. Ратево
14:00 до 16:00 часот во с. Русиново

10.11.2021 година

10:00 до 12:00 часот во с. Митрашинци
12:00 до 14:00 часот во с. Будинарци
14:00 до 16:00 часот во с. Мачево

12.11.2021 година

10:00 до 12:00 часот во с. Владимирово
12:00 до 14:00 часот во с. Смојмирово

Сите кои имате идеи, предлози за релизација на одредени проекти или решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа, во вашето населено место, каде што Градоначалникот и својот тим ќе направат обиколка.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.