ВТОР ПРОТЕСТ НА ВМРО ДПМНЕ НИЗ УЛИЦИТЕ ВО БЕРОВО.

ВТОР ПРОТЕСТ НА ВМРО ДПМНЕ НИЗ УЛИЦИТЕ ВО БЕРОВО.
декември 04 23:40 2020

Дождот не ги спречи граѓаните вечерва да излезат на вториот народен протест со автомобили низ улиците на Берово, организиран од ВМРО ДПМНЕ  и да го искажат револтот спрема актуелната власт и погубните политики на премиерот Зоран Заев.

Овојпат во поголем број колоната со над стотина возила, тргна од општинскиот штаб на партијата низ улиците на Берово и се упати во центарот на градот, каде свое обраќање имаше претседателото на УМС Сергеј Попов.

На протестот во Берово граѓаните го изразија своето незадоволство и испратија порака дека конечно мора да се стави крај на распродавањето на македонскиот идентитет.

Отпорот и битката за Македонија продолжува против оваа ненеародна власт кој го држи македонскиот народ во заробеништво  рече претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Берово повикувајќи го целиот македонски народ  да излезе и да покаже единство.

Освен во Берово, вечерва пртести на ВМРО-ДПМНЕ се одржаа уште во 20 градови во државата, а за утре во 13 часот е закажан сенароден протест во Скопје.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.