ВО БЕРОВО ОДРЖАН ДРЖАВНИОТ МАСТЕРС ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ ЗА КАДЕТИ ДО 15 ГОДИНИ.

ВО БЕРОВО ОДРЖАН ДРЖАВНИОТ МАСТЕРС ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ ЗА КАДЕТИ ДО 15 ГОДИНИ.
март 27 20:56 2021

Изабела Ковачовска се закити со бронзениот медал на Државното првенство во Пинг понг од мастерс бодовниот турнир за пинг-понгари до 15 години кој се одржа во салата Македонски Бранители во Берово.

35 учесници од повеќе градови во Македонија, денес се натпреваруваа во Берово, додека најдобрите 4 кадети  ќе изборат право за настап за Пинг-понг репрезентацијата на Македонија – рече Јован Ковачовски тренер на ППК Зегин од Берово.

Претседателот на Пингпонгарската федерација Горан Тиловски истакна дека Берово неслучајно е избран град за одржување на државните првенства во пинг понг, бидејќи токму нашиот клуб  ППК „Зегин“ е еден од нај преспективниот и брзорастечки клуб во државата, додека градот може да се надева и на репрезентативци кои ќе ја претставуваат Македнонија додаде Тиловски.

Претходно Берово беше домаќин и на Државниот мастерс турнир во пинг понг за кадети до 12 години, каде нашиот клуб постигна одлични резултати, поточно во финалето во машка конкуренција финалистите беа токму двајца преставници од  ППК „Зегин“.

Инаку  ППК „Зегин“ од Берово кој моментално брои над 35 членови, во досегашното двегодишно постоење, може да се пофали со повеќе медали на државните првенства како и во пинпонгарската лига, а бројот на заинтересирани младинци коишто сакаат да се занимаваат со пинг понг секојдневно расте.Со тоа пинг понгот, полека но сигурно станува водечки спорт во Берово.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.