ВИСТИНСКО ПОЕВТИНУВАЊЕ ИЛИ МАЈТАП СО ГРАЃАНИТЕ.ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА СЕ НАМАЛУВА ЗА 0,1 %.

јуни 29 16:40 2018

Вистинско поевтинување или мајтап со граѓаните. Цената на струјата се намалува за 0,1 %, е денешната одлука на Регулаторната комисија.

Од ЕВН побарале поскапување за 9%, ЕЛЕМ барале намалување за 1,5%, а МЕПСО не испратиле јасна пресметка за направените трошоци.  По ова, регулаторна се одлучила за намалување од 0,1 %.

Во пари тоа значи дека ако досега некој плаќал месечна сметка од 1.000 денари, во иднина ќе плаќа едвај еден денар помалку. Како граѓаните гледаат на ова:

  • Оав е смешно, качуваат 50 %, намалуваат 0,1. Потребно е поголемо намалување , барем 15 % па да се осети нешто, велат анкетирани штипјани.

Регулаторна ќе ја намали и цената за нов приклучок во мрежата, за што во моментов се плаќа повеќе од 500 евра. Се работи и на дефинирање на критериумите за тендерот за универзален снабдувач со струја.

„ …Во втората половина од јули се очекува да се објави тендерот, а во септември ќе биде одбрана фирмата снабдувач што ќе продава струја по цени и правила од Регулаторната комисија за енергетика…“, информираат од Регулаторна.

Во земјава моментално се активни 12 снабдувачи со електрична енергија. Според новиот Закон за енергетика, од следната година секој ќе може да одбере дали ќе купува струја на слободен пазар или од универзалниот снабдувач по регулирана цена.

 

Извор: Тв Стар

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.