ВИДЕО: ТУРНИРОТ STREETBALL BEROVO 2018, НАЈДОБРО ОРГАНИЗИРАН НАСТАН ВО РЕГИОНОТ.ПОГЛЕДНЕТЕ ДЕЛ ОД СЛУЧУВАЊЕТО.

август 18 19:52 2018

Во духот на спортот, а за подршка и мотивација на младите талентирани стреет баскет кошаркари, оваа година за прв пат се одржи турнир во стреет баскет во Берово, организиран од невладината организација „Малш Нет“ и група ентузијасти кои може да се каже дека направија настан на годината во нашиот град.Турнирот во уличен басект беше подржан од голем број на спонзори и подржувачи, а како главен покровител беше Ресервоар Минералс.Посетеноста беше на високо ниво како и целата организацијата која го зазеде приматот за најдобро организиран настан во регионот.Со тоа се докажа дека ако се сака може да се постигне зацртаната цел, а на Берово и Беровчани им фалат токму вакви спортски и културни случувања.На турнирот се дружеа сите од најмали до најстари и уште долго ќе се зборува за него. Целта е овој турнир е да прерасне во традиционален кој секоја година ќе се надоградува во уште подобра и поголема организација.

 

ГАЛЕРИЈА

  Категории: