(ВИДЕО) СПАСЕНО ЗАТРУЕНО КУЧЕ ВО БЕРОВО.

(ВИДЕО) СПАСЕНО ЗАТРУЕНО КУЧЕ ВО БЕРОВО.
април 18 20:23 2021

Утринава во близина на Општинската зграда, се водеше битка за спасување на затруено куче, каде што како што вели сопственичката и активист за заштита на животните Викторија, некој со намера расфрлал отров по што настрадало нејзиниот миленик. По пружената прва помош од нејзина страна, случајот бил пријавен во полиција а реагирал и ветеринарен лекар па успеале да го спасат миленичето.

И покрај грижата од нејзина страна која е член на здружението за заштита на животните од Берово „Про Анима“ и тимот кој се грижи за третман и благосостојба на болните и напуштени улични кучиња, работите одат тешко поради несовесноста на граѓаните и се почесто е труењето на кучиња во Берово, каде со расфрланиот отров можат да настрадаат и деца додаде Викторија.

-Општинските власти во последно време помагаат за решавање на проблемот со уличните кучиња, но сето тоа не е доволно.Потребно е да се направи регистер на секое животно во општината па и државата. Решението на проблемот го гледам во одговорност со казна затвор за трујачите на кучиња и тие што ги оставаат и фрлаат малите кучиња, како и рестрикција за забрана на продажба на отрови. Исто така на сите кои малтретираат и се изживуваат со животните не само кучиња (мачки,коњи) да одговараат кривично.Со закон да им се наложи на сопствениците задолжителна кастрација и стерилизација на секое милениче – вели Викторија.

Беровчани претходните години беа сведоци на немили настани со масовни труења на кучиња во градот, кои во последниот период повторно почнуваат да бидат зачестени.

Иако постои закон, до сега никој не е казнет за труење и нехумано однесување со животни, а не е изграден ниту соодветен систем за решавање на проблемот со бездомните кучиња во градот, кој ќе гарантира нивна заштита и благосостојба, а воедно и безбедност на граѓаните, проблем кој секогаш е актуелен.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.