БЕРОВО ДЕНЕС СО РЕКОРДНИ 9 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА ВИРУС,СОСТОЈБАТА ЗАГРИЖУВАЧКА.

БЕРОВО ДЕНЕС СО РЕКОРДНИ 9 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА ВИРУС,СОСТОЈБАТА ЗАГРИЖУВАЧКА.
август 22 18:07 2020

Ситуацијата со корона вирусот во Берово од ден на ден се повеќе се влошува.Откако вчера беа регистирани 8 случаи на заболени, денес ситуацијата е со нови 9 регистрирани лица што е рекорд на дневно ниво.Повеќето од пациентите се во добра состојба, но има и неколку што се лекуваат во болница.Како што велат граѓаните состојбата е загрижувачка.Вријат страсите на Беровци и на социјалните мрежи, на недоволната дисциплина на граѓаните и неажурноста на кризниот штаб во Берово.Еве неколку од нив:

„Ima krizen stab,a oni si sedat na usite…

„Spored mene vladata zaedno sos kriznie stab treba da proglasat 3 nedelen karantin kato fof Debar i da se izolirame site“

„Luge koi treba da se vo smoizolacija dodeka cekaat testiranje se setaat niz Berovo!

“Zatvorete go Berovo za turisti,izolacija 14 dena policiski cas i se ke se resi.

„Берово е новото жариште на Ковид за жал со само 2 доктори во здравствениот дом!!! Директорот е во болница ко Ковид, сопругата за жал почината од Ковид.
Нема епидемиолог во моментов!!!! Мора под хитно да се прати епидемиолог!!! Има Еден кој ја покрива зоната Пехчево Берово Виница, кој во моментов не може да постигне!!! Врие и е тотален хаос!!!! Ако се разболат двајцата доктори ништо не правиме!!! Они даваат се од себе но не се постигнува!!!
Страшното сценарио е луѓето да почнат сами по дома да се лечат и да биде предоцна после!!!!
Посебен пункт за тестирање достапен за сите треба да се овозможи!!!
Секој од нас има граѓанска должност да помогне и да информираме таму каде сто треба!!!!
Ако некој пријател новинар го чита ова, ве молам споделете !!! Берово може и полесно од Дебар да се реши за 3 недели со засукување на ракави и добра организација!!!!
Доолнување: тестирањата во Берово се вршат во вторник, се праќаат во Кочани, резултати добиле минатата недела дури во петок. Во меѓувреме, луѓето со симптоми се расшетуваат по Скопје за да се тестираат сто побрзо!!!! Пункт со поголем капацитет е неопходен!!!!“

Фејсбук статус на: Надица Аџиска

Кои се плновите и што ќе превземе кризниот штаб по денешната алармантна ситуација во градот со корона вирусот,побаравме одговор од градоначалникот Пекевски, но до моментот на пишувањето не добивме одговор.

Според наши информации кластерот „Турбо фолк“ од забавата на плоштадот за илинденските празници го направи своето.Тогаш Општината се прогласи ненадлежна за спречување на забавата,иако секој од нас е должен по сопствена свест да реагира.

Моментално во Берово се регистрирани вкупно 25 случаи на активно заболени со корона вирус, а 35 лица се во изолација, додека во соседната општина Пехчево се регистрирани 3 заболени и 9 лица во изолација.

Досега во Берово поради корона вирусот починаа две лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-25, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-9, Струга-15, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-5, Гостивар-22, Гевгелија-5, Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-4, Кичево-3. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-27, Куманово-1, Дебар-3, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Гостивар-9, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Кичево-13, Неготино-2. Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од  Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.