АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКА ЗАЕДНИЦА

АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКА ЗАЕДНИЦА
март 12 20:49 2018

АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКА ЗАЕДНИЦА

Ахмадија, службено Муслиманска заедница на Ахмади или Ахмади муслимански џемаат, е исламско религиско движење втемелено кон крајот на 19 век во Пенџаб, во Британска Индија. Движењето произлегло од животот и делото на Мирза Гулам Ахмад (1835-1908 год.) кој тврдел дека го претставува исполнувањето на пророштвото за светски реформатор на последното доба, кој требало по пат на мирни средства да ја овозможи конечната победа на исламот и да го најави есхатон, како што било предвидено во исламските списи, но и во останатите светски религии. Тврдел дека е одреден од Бог за муџадид (обновувач) на исламот, односно, дека е одреден за Месија и Мехди кого муслиманите го очекуваат. Членовите на Ахмадија движењето се нарекуваат Ахмади муслимани.

Мислата на Ахмади муслиманите го нагласува верувањето дека исламот е конечно упатство дадено на човештвото, како што е објавено со Мухаммад ин Ислам (Muhammad in Islam), и ја истакнува нужноста од обновата на вистинската срж на исламот во неговиот исконски облик – загубен во текот на столетијата. Ахмади муслиманите веруваат дека Ахмад се појавил во Духот на Иса а.с., (Исус) Исус Христос, за да ги оконча религиските војни, да го осуди крвопролевањето и повторно да ги воспостави моралноста, правдата и мирот. Веруваат дека со помош на божественото водство од исламот ги отстранил фанатичните и додадените верувања и однесувања, потенцирајќи ги вистинските и клучните учења на исламот, согласно со праксата на Мухаммед и на раната исламска заедница. Сходно на тоа, Ахмади муслиманите себе си се поимаат како водачи на обновата на мирно ширење на исламот.

Мирза Гулам Ахмад движењето го втемелил на 23 март во 1889 година. По неговата смрт заедницата ја воделе халифи, и до 2016 година заедницата се проширила во 209 држави и територии на светот со најголемо членство во јужна Азија, источна и западна Африка како и во Индонезија. Ахмади муслиманите негуваат силна мисионерска традиција и меѓу муслиманските заедници тие се едни од првите кои стасале во Велика Британија, и во други западни држави. Заедницата моментално ја предводи Ахмад Мирза Масроор Ахмад, а нејзиното членство се движи помеѓу 20 милиони припадници ширум светот.

Ахмади популацијата скоро потполно конституира едно, високо организирано и обединето движење. Во таа смисла постои само една струја на Ахмади муслимани. Меѓутоа, во раната историја на заедницата група Ахмади муслимани се одвоила поради спорот околу карактерот на Ахмади пророштвото и наследството, и оформила Движење на Лахор Ахмадија, и тие денес претставуваат мала фракција на Ахмадии. Од зачетокот на движењето одредени верувања на Ахмади муслиманите се сметани за спротивни на современата средна мисла на исламот и поради тоа Ахмадиите биле и прогонувани. Мнозинство муслимани Ахмади муслиманите ги сметаат за неверници (кафир) и за еретици.

 

СЕДИШТЕ

Главното седиште на Ахмадија муслиманската заедница е градот или местото каде што престојува Халифата. Според тоа, после присилниот егзил од Пакистан во 1984 година на Мирза Тахир Ахмад, четвртиот Халифа, службено седиште на Заедницата е во Лондон. Иако исламските свети градови Мека и Медина се признаваат како повеќе свети, Кадијана се смета за духовно седиште на Заедницата. Се верува и е проречено дека во иднина Халифатот Ахмадија повторно ќе се врати во Кадијана, родното место на Мирза Гулам Ахмад. Меѓутоа, ахмадискиот град Рабва во Пакистан, откако вториот Халифа го втемелил на 20 септември во 1948 година после поделбата на Индија (Partition of India), го усогласува мнозинството активности на организацијата ширум светот. Главно, градот е одговорен за тоа, иако не исклучиво, тоа го чинат и двете средишни тела на Заедницата; Средишното собрание на Ахмадијатот и Собранието за ’Новиот план‘. Другото помало тело, Собрание за ’Нова намена‘ исто така е активно. Сите средишни тела работат под директива на Халифата.

Мирза Гулам Ахмад во 1906 година го втемелил Садр Анџуман Ахмадија или Средишното собрание на Ахмадијатот кое денес е одговорно за организирање на активностите на Заедницата во Индија, Пакистан и Бангладеш; додека Анџуман Тахрик-и-Џадид или собрание за новиот план, кого го воспоставил вториот Халифа, е одговорно за мисиите надвор од индискиот пот-континент. Секое собрание додатно е поделено во оддели како што се Оддел за финансии, Оддел за издаваштво, Оддел за образование, Оддел за надворешни работи и Оддел за странски мисии. Под водство на Собранието за новиот план Заедницата изградила преку 15 000 џамии, 500 школи и 30 болници и објавила превод на Чесниот Кур’ан на повеќе од 70 јазици. Анџуман Вакф-е-Џадид или Собрание за нова намена, кое исто така го воспоставил вториот Халифа, е одговорно за образованието и координацијата на религиските службеници во руралните заедници во светот.

 

 

Официјална страна: www.alislam.mk 

 

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.