АКТИВИЗАМ:АВАЈА ДВИЖЕЊЕТО ГИ СЕДНА НА ДЕБАТА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА БЕРОВСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ.

АКТИВИЗАМ:АВАЈА ДВИЖЕЊЕТО ГИ СЕДНА НА ДЕБАТА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА БЕРОВСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ.
мај 13 17:00 2020

Граѓанското движење на Ромите АВАЈА заедно со Ромската заедница во Берово,во пресрет на новонастанатата ситуација со Ковид19 вирусот, вчера одржаа онлајн дебата со претставниците на институциите и пратеничката Јагода Шахпаска.На дебатата беа присутни околу 90 Ромски семејства, каде имаа можност да ги претстават нивните долгогодишни проблеми и ургентните потреби со кои се соочуваат како последица од Корона вирусот и директно да добијат одговор од надлежните.

  • Во рамките на Дијалозите на заедницата направено е мапирање на ургентните потреби и проблеми на заедницата во заедницата, при што истите се презентираат пред локалните институции и Градоначалниците со цел да се изнајдат решение за истите.Првиот Дијалог со заедницата се одржа со општина Берово преку платформата Зоом,  каде што беа присутни околу 90 ромски семејства, директорот на АВРМ и психологот на средното училиште – како и пратеничката г-ѓа Јагода Шахпаска. За жал, и покрај тоа што Градоначалникот потврди присуство на средбата, немавме претставник од локалната самоуправа – вели Алберт Мемети.

На состанокот, претставниците од Ромската заедница истакнаа неколку проблеми за кои се бара ургентна реакција од Локалната самоуправа и институциите. Во доменот на Инфраструктура и Домување, Ромската заедница која живее во улиците Прохор Пчински и 23 Август нема вода ниту канализација при што побараа од општината во најскоро време да се постави водоводна/ канализациона мрежа или да обезбедат јавни чешми во овие населби. Исто така побара од Општината во најскоро време да се  донесе ДУП во овие населби.  

Во доменот на вработување, во рамките на локалниот буџет општината да пренамени дел од средствата од локалниот буџет за поддршка на 10 семејства кои се најзагрозени како и да ја разгледа можноста за бришење на долговите кон јавното комунално претпријатие на лицата кои се приматели на гарантирана минимална помош. Воедно, да обезбеди вклучување на 50 лица во различните програми во рамите на Агенцијата за вработување со цел да се обезбеди определен надоместок на лицата кои се невработени како и да се овозможи зголемување на вештините, или времено ангажирање на лицата кои изгубиле работа или не се вработени.   

Овие прашања, беа презентирани од Ромската заедница при што во текот на оваа недела ќе се испрати и официјално барање до Градоначалникот и до Советот на општината на следната седница на локалната самоуправа да се разговараат горенаведените прашања и  да се пристапи кон итно решавање на овие проблеми.

  • Дополнително, граѓанското движење АВАЈА во наредниот период ќе спроведе вакви Дијалози со заедницата и локалната самоуправа во останатите општини во Македонија. Исто така, со цел да се излезе во пресрет на ургентните потреби на заедницата Аваја ќе обезбеди буџет од 17,000 долари (1000 долари по општина) за ублажување на последиците од Корона вирусот. Граѓанското движење на Ромите АВАЈА претставува граѓанска иницијатива а целта е да ги артикулираме потребите на заедницата и да застапуваме решенија кои се во насока на подобрување на положбата на Ромите пред сите засегнати страни – велат преставницте на Аваја.

Инаку ваква дебата и толкаво присуство се случува за прв пат во Берово, па се поставува прашањето дали полека се буди Ромскиот активизам и непартиското здружување во остварување и решавање на проблемите кои многу време ја засегаат заедницата, а кои досега никако да допрат до политичките гарнитури што се сменија овие две децении.Ваквото непартиско здружување е еден поттик за отстранување на стигматизацијата на беровските Роми со што би се дало чувство и прлика дека државата и Локалната власт е нивни партнер во остварувањето на целите и граѓанските права.

Еве го и целото видео од јавната дебата:

Онлајн дијалог на ромската заедница од Берово со локалните институции

🎥 Проследете го првиот 💻 онлајн дијалог на ромската заедница од Берово со претставници на локалните институции 🏫 #Аваја ќе излезе во пресрет на ургентните потреби на ромската заедница од Берово со тоа што ќе издвои 1000 долари 💰 за ублажување на последиците од 🦠корона вирусот. 📌 Очекуваме дека општина Берово, ќе се вклучи со сопствен буџет 💶 како и мерки и ќе излезе во пресрет на ургентните потреби на ромската заедница од Берово.

Публикувахте от AVAJA в Сряда, 13 май 2020 г.

.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.