„ЈА БИ БЕРОВО“: ДВИЖЕЊЕ НА МЛАДИТЕ ХУМАНИ МИСИОНЕРИ.

„ЈА БИ БЕРОВО“: ДВИЖЕЊЕ НА МЛАДИТЕ ХУМАНИ МИСИОНЕРИ.
јуни 01 15:56 2020

Беровчани и сите што живеат тука, им недостига Берово какво што го знаевме пред 3 месеци, мирисот на чаршиското кафе, вкусот и рестораните, Беровското езеро, паркот и седенките, разговорите и смеата…

Иако кафичите и рестораните од пред неколку дена се отворија, се укина полицискиот час, сепак тоа не е тоа.Сите барем еднаш си рекле “Че пиеме ле кафе на чаршијата„реченица која до пред неколку дена немаше потреба да ја користиме, бидејќи немаше каде и со кого да се видиме.

Веројатно ќе помине долго време пред да се вратиме на некои стари навики, кои им недостасуваат на многу луѓе поради карантинот и коронавирусот кој го зафати целиот свет.

Од оваа ситуација се роди една интересна идеја поточно на социјалнати мрежи се појави профил кој брзо се рашири низ соседните земји, на кој се испишани сите овие стари навики кои им фалат на сите и каде луѓето можат да ги споделат своите желби, а сето тоа зрачи позитивно.Станува збор за едно ново движење со име„ Ја Би“, кое на социјалните мрежи брзо пристигна и во нашиот град под назив „Ја Би Берово“, формирано меѓу првите во Македонија.Креатори на оваа страна се неколку наши млади Беровчани, кои за кратко време станаа препознатливи во целата Малешевија, со еден вид активизам и верба дека може да има промена, верба во подобар живот, во подобра иднина која сите ние треба да ја изградиме.

  • „Ја би“ не е наша оргинална идеја, тоа е еденo новo движење во едно ново време во кое што живееме. Започна во Србија и за краток период пристигна и кај нас. Ние сме помеѓу првите Ја би страни кој што беа креирани со цел да се потсетиме како сите ние го живееме животот пред корона вирусот да го зароби светот.Наша цел односно цели се ширење на позитивна енергија, позитивна мисла, мотивација, среќа, споделување на убавините на нашето Берово, хуманоста и еднаквоста. Нашата идеологија е константно подобрување на квалитетот на животот кој го живееме. Подобрување во размислувањето, подобрување на здравјето, подобрување на начинот на кој се однесуваме едни со други, зголемување на свеста, зголемување на почита,  подобрување на екологијата и заштитување на природата велат членовите.

Додека другите Ја Би платформи делуваат само на социјалните мрежи, нашите креативци не застануваат тука.Тие веќе неколку недели организираат хуманитарна акција која сеуште е во тек, за помош на најзагрозените во Малешевијата, преку донирање од човек за човек на било какви предмети, апарати за домаќинство, храна,облека и се што на некој не му е потребно или сака да се ослободи од тоа, а може да се даде на некој кој му фали.Нивната ангажираност и хуман гест, го препознале и нашинците кои живеат во другите држави, па учествувале и тие во донирање средства за помош на најзагрозените Малешевци.

  • Да, започнавме со хуманитарната акција која на почеток не ни беше во прв план но после првиот пост кој го објавивме на нашиот Facebook профил, во кој имавме напишано за работи кои сакаме да ги направиме, една од тие беше и организирање на хуманитарна акција. Постот доби многу позитивни реакции и решивме дека нема потреба да чекаме и следниот ден започна акцијата.Нашата хумана посветеност ја препознаа и нашинците кои живеат надвор од државата, поточно од Швајцарија, па со нивна помош успеавме да обезбедеиме околу 20 прехрамбени и хигиенски пакети кои ги распределивме на најзагрозените семејства низ Малешевијата.Посетивме повеќе малешевски села и семејства, видовме нескојдневни слики од нивниот крпен живот, па можеме да заклучиме дека тука навистина треба да се регира,како времето да застанало за нив – велат младинците од ”Ја Би Берово”.

Младинскиот активизам од страна на Беровските хуманисти, стана препознатлив насекаде во Малешевијата, па набрзо како што велат тие, луѓето почнале да им се јавуваат и да им донираат работи кои не ги користат.Поддршка доѓа од сите страни, а тие продолжуваат да делуваат за промена на општеството и реализација на идните идеји.

  • Поддршката која ја имаме е огромна пред се од нашите најблиски но исто така и од многу други кои не следат и подржуваате во тоа што сакаме да го направиме а тоа е најдобро општество, општество за сите, општество без поделби, општество кое верува во доброто. Имаме многу планови за во иднина еден од нив а можеби и најважен сега во моментот е хуманитарната акција да ја прошириме на ниво на цела држава. Најголемата неправда која самите си ја имаме направено е тоа што луѓето престануваат да веруваат дека може да биде подобро, оптимизмот е една многу моќна работа во овој свет во кој живееме но кај нас тоа со годините некаде го имаме изгубено и мораме да го пронајдеме и младите и постарите и најстарите. Ние веруваме дека може да има промена, веруваме во подобар живот, во подобра иднина која сите ние треба да ја изградиме. Никој нема да го направи тоа за нас, никоја влада, никоја унија, никоја организација или нација. Затоа секоја активност е важна, секоја активност може да направи разлика, да не заборавиме маратонот започнува со првиот чекор. Затоа заедно без никакви поделби можеме да избереме да веруваме да бидеме оптимистични да си помагаме и да изградиме подобро утре.Им се заблагодаруваме на сите луѓе во Берово и Малешевијата и пошироко, исто така на порталот Малеш Нет, кој безрезервно не подджа во остварување на нашата иницијатива – истакнаа ”Ја Би Берово”

Инаку младинскиот активизам, кревањето на глас против неправдите во општеството и вклучувањето на алармот на хуманост, последните неколку месеци во нашето Берово оди во нагорна линија.

Ваквиот пример на овие млади хуманисти кои многу навистина многу време и енергија, сопствени ресурси и секој момент слободно време го посветуваат на хуманата мисија која сосема наивно произлезе, а со сигурност прераснува во една од можеби најголемите иницијативи за помош на најранливите категории без разлика на било каква припадност на територијата на Берово и околните села. И сето тоа единствено со поддршка на сограѓаните. Нивната стартна мисла “сето она што го имате а не го користите но на некој му е неопходно” нека биде поттик до повеќе луѓе да донираат и бидете без сомнеж – ќе го најде вистинското место!

  Категории: