Ученици од ООУ „Ванчо Китанов“ во посета кај градоначалникот Китански

Ученици од ООУ „Ванчо Китанов“ во посета кај градоначалникот Китански
декември 23 11:25 2021

По повод претстојните новогодишни празници, дечињата од четврто одделение при ООУ  Ванчо Китанов, кај градоначалникот Александар Китански. Во пријатна и весела атмосфера,  децата со новогодишна песна, кратки рецитали, состави ‘‘Ако станам градоначалник‘‘ и креативни новогодишни подароци, изработени од самите дечиња,  ја честитаа Новата Година.

Градоначалникот Китански, истакна дека општината е секогаш отворена за сите граѓани на општината, а најголемата радост за него се ваквите посети.

-Ме радува што општинската зграда е посетувана од страна на децата. Општината е достапна во секое време и сите можат да ја посетат кога сакаат, а посебно се радувам на ваквите посети на дечињата кои се нашата иднина, нашето најголемо богатство, оние на кои најмногу им се радуваме и ги сакаме. Упатувам порака до сите деца да се развиваат во позитивни личности и секогаш да бидат ведри, насмеани и послушни дечиња и што повеќе да го минуваат слободното време во дружење и спортување, рече Китански.

Дечињата му се заблагодарија на градоначалникот за средбата и му подарија книга со желби за поубаво Пехчево изработени од нивните вредни раце.

За време на приемот,  дечињата имаа можност накратко да се запознаат со работата на градоначалникот и општинската администрација.

  Категории: