УСПЕШНО ЗАВРШЕНА ПЛАНИНАРСКАТА ТУРА „МАЛЕШЕВИЈАТА ВО ДОЦНА ЕСЕН“

УСПЕШНО ЗАВРШЕНА ПЛАНИНАРСКАТА ТУРА „МАЛЕШЕВИЈАТА ВО ДОЦНА ЕСЕН“
декември 22 20:16 2020

36 учесници учестуваа на успешно завршената планинарска тура под наслов „Малешевијата во доцна есен“, кои уживаа во планинарењето низ неколку живописни локации во околината на Берово.Од најмладиот на 17 години до најстариот со 68 години,како што истакнаа организаторите успешно ја завршија целта на турата од 13,5 километри, на која дружењето, забавата и насмевка беше присутна цело време.

Учесниците задоволни од планинарската тура, ја поздравија идејата и задоволни од прекрасните гледки кои ги нуди Малешевијата, најваија дека секоја следна ваква активност  би била добредојдена за нивно повторно присуство и активно вклучување во реализацијата.

Новофромираното здружение „Патфајндерс“ кое беше организатор на планинарската тура не застанува тука.За нашата редакција ни открија уште едно случување кое е во најава да се случи на 31 Декември.Станува забор за “Новогодишен оффроуд“ со џипови низ планините на Малешевијата, во кој можат да земат учество сите заинтересирани.

Здружението за планиски туризам,спорт и млади „Патфајндерс“ цврсо чекорат кон остварување на своите цели,па се надеваат дека  дека во идно време ќе добијат поддршка од општина Берово и од приватниот сектор во Малешевијата за развиток на алтернативниот туризам во нашата Општина.

  Категории: