УСПЕШНО ЗАВЕШЕН ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ “ЗЕГИН ОПЕН 2022”

УСПЕШНО ЗАВЕШЕН ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ “ЗЕГИН ОПЕН 2022”
септември 19 09:38 2022

Заврши првиот Меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин Опен 2022“ кој викендов се одржа во Берово. Првото место на завршниот ден од турнирот во машка конкуренција му припадна на Милан Миленковиќ од Србија, додека најдобра кај жените беше Дамла Хасанова од Бугарија. За победникот Милан Миленковиќ, Зегин Опен 2022 е најдобриот турнир на кој учествувал.

– Ова беше феноменален турнир, прв пат сум овде, многу јаки играчи дојдоа. Противникот со кој играв во финалето е доста перспективен, но добро се борев и го освоив првото место. Секоја чест за клубот од Берово кој со поддршка на својот спонзор ова го овозможија, рече победникот Миленковиќ.

Првопласираната во женска конкуренција Дамла Хасанова од Бугарија која настапува за ППК „Зегин“ исто така изрази задоволство од одличната организација на турнирот.

– Многу сум задоволна бидејќи победив и во јуниорска и во сениорска конкуренција. Од оваа година настапувам за клубот од Берово и се надевам на успешна сезона, рече Хасанова.

Најдобрите на турнирот поделија награди во висина од 5000 евра кој беше вкупниот награден фонд годинава. Организатор на првиот Меѓународен турнир со поддршка на главниот спонзор Зегин е Пингпонгарскиот клуб ,,Зегин” и Пингпонгарската федерација на Македонија.

  Категории: