СЛОВЕНЕЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ УТРОВО ЗАМИНАА И СО ЗВУЧНА СИГНАЛИЗАЦИЈА ГИ ПОЗДРАВИЈА БЕРОВЧАНИ.

СЛОВЕНЕЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ УТРОВО ЗАМИНАА И СО ЗВУЧНА СИГНАЛИЗАЦИЈА ГИ ПОЗДРАВИЈА БЕРОВЧАНИ.
август 14 11:04 2021

Словенските пожарникари, утрово заминаа од Берово и ги поздравија со звучна сигнализација Беровчани.Во чест на нив кои неуморно се бореа со огнените јазици кои ја зафатија претходните денови Малешевијата, им беа доделени благодарници од страна на градоначалникот Пекевски, како и македонско вино и скромни подароци од компанијата „Зегин“.

Регискиот командир на пожарникарите од Словенија г-дин Мочник, за порталот Малеш Нет изрази голема благодарност за гостопримливоста на нашиот народ потенцирајќи дека сите се изненадени позитивно од Беровчани со нашата грижа спрема нив.

-Вакви добри луѓе никаде не сме виделе, би сакале да останеме уште тука бидејќи се чувствуваме како дома, но не чека нашата следна мисија и мораме да се вратиме.Ветуваме сите дека повторно ќе дојдеме, но овојпат за добро, како туристи.Чувајте си ги прекрасните шуми кои што ги имате и грижете се за нив сите – додаде Мочник.

Исто така командирот посочи дека пожарот кој беснееше во Малешевијата сега е тотално ликвидиран, но сега е потребно поголема ангажираност од властите за присуство и контроли на терен што е можно повеќе, како и самата ангажираност на сите луѓе во помош и грижа за нашите шуми.

Инаку претходно словенските пожарникари заедно со ТППЕ Берово имаа интервенција на опожарена куќа во Берово.

Во големиот пожар кој десетина дена беснееше во Малешевијата, освен пожарникарите од Словенија, тука беа и Австриските и Бугарските пожарникари, кои заедно со ТППЕ Берово,Делчево,Струмица,Кавадарци и масовната вклученост на граѓаните, успешно го изганаа пожарот.

Штетите се огромни и допрва ќе се проценуваат, но тоа треба да ни биде за памет на сите нас посебно на институциите за поголема грижа за нашето природно богатсво,

Им благодариме од срце и им посакуваме среќен пат.